Денеска повторно пожар во Струмица кај „Гогова чешма“ – изгаснат е


Конечно се локализира пожарот кој од вчера рано изутрина гореше во близина на „Гогова чешма“. Канадерите мораа претпладневно повторно да реагираат.

Канадерите на Дирекцијата за заштита и спасување утринава интервенираа од 08:00 – 10:15 часот и го ставија пожарот под контрола.

Екипите на Екипите на Противпожарната Единица, “Комуналец“ и “Македонски Шуми“ се на теренот и ситуацијата ја држат под контрола.

Вчера мобилните екипи на Противпожарната Единица, “Комуналец“ и “Македонски Шуми“ на теренот се обидоа рачно да го спречат ширењето на пожарот со грбни пумпи и алатки. Денес канадерите им се придружија и пожарот се стави под контрола.

Минатата недела струмичкиот пожар зема две жртви. Двајца браќа починаа како резултат на изгорениците на 90 отсто од телото со кои се здобија обидувајќи се да го изгасат огнот.

Share Button

Tags: , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1