Косовски хакери влегле во сајтот на бендот „Белградски синдикат“


Наместо музика, на сајтот на група „Белградски синдикат“ се слуша пеење на хоџи, а членовите на бендот, велат дека нивната интернет страница е „хакирана“ веќе трет пат во последните десет дена.

Официјалниот сајт на белградската хип-хоп група, Белградски синдикат е хакуван и на него, наместо вести и информации од бендот, може да се забележат пораки од типот „I love Kosova“ и потпис на хакерската група „Alboz“.

Страницата на бендот на друштевните мрежи се пренатрупани со пораки од фановите, кои им излегуваат во пресрет, со пораки за внимание од нападот на хакерите, но сепак во последните 24 часа, сајтот се уште не е вратен во нормала.


„Ова е трет напад во последните десет дена. Се обидуваме да го вратиме сајтот во нормала, но, и да го заштитме колку што можеме“, вели Дарко Марјановиќ член на бендот.

„Последен пат пробавме со некои нови заштитни мерки, и ги намачивме хакерите цели седум дена, но изгледа дека ќе мора новата заштита да ја подигнеме на едно повисоко ниво, затоа што очигледно постојано сме на мета на напади. Се околу сајтот работиме сами, па затоа најверојатно средувањето на работите ќе потраат.

„Причина за нападот е најверојатно тоа што доаѓаме од Србија, но од друга страна знаеме дека сега сајтот е многу посетуван“, изјави Марјановиќ.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1