Мајка од Македонија: Синот ми почина и не е повеќе со нас заради вакцината


Јас сум Ленче Данилова, мајка на дете кое “благодарение” на вакцината ММР лани почина. Имаше само 5 години.

Почитувани родители, моето синче се викаше Томче, а до неговата прва година живот беше сосема здраво детенце и освен по некоја настинка, немаше никакво друго посериозно заболување. После примената вакцина ММР почна да му oпаѓа хемоглобинот кој постојано му беше околу 100. Го носев по доктори, ќе му препишеа сируп и така постојано до неговите 3 години СТАРОСТ?!? кога почна да се жали на болки во стомакот кои секојдневно стануваа се’ посилни. Ни препорачаа ехо, за по него итно да не испратат на Детската клиника.

11276139_1657216477842253_1513116845_o

На 23 мај 2012г. почнаа со испитувања и не известија дека Томи има тумур на надбубрежната жлезда т.е. НЕУРОБЛАСТОМА. Како да ме погоди гром, ми се сврте светот околу мене, неможев да поверувам. Си помислив: зар ова е реалност? Мислев дека тоа го има само во филмовите. Тогаш почна нашата голгота, почнавме со борбата. Надежта сето време беше со нас и ни даваше сила во таа борба. Го видовме пеколот на земјата, кој верувајте постои. Кој не видел, а не дај Господе никој да види и осети, не ни може да замисли каква страшна слика претставуваат тие невини душички и нивните родители.

Безброј пати ги прашував господата во бели мантили како и од што се случило ова? И замислете само што ми одговорaa: веројатно на почетокот на бременоста сте пиеле антибиотици или апчиња за спиење. Каква глупост, каков апсурд! Тие не се ни свесни колкава грижа на совеста и онака чувствував и до крајот на својот живот ќе ја чувствувам, а уште повеќе откако ја дознав причината за болеста.

Нашата борба со глупавиот канцер траеше до 22 март 2014г. Тогаш неговото изнемошено тело, телото на мојот мал Томи, не можеше повеќе да издржи, болеста победи.

Во меѓувреме можеби се запрашавте што има заедничко тумурот со вакцините? Има, и тоа многу. Додека траеше сета оваа агонија на нашето семејство не престанавме да трагаме по лекот, не престанавме да бараме спас од очајот во кој се најдовме. Стигнавме и до Хрватска. Е таму драги мои, таму докторите малку поотворено говорат за каузалитетот вакцини – сите ‘модерни’ болештини на децата денес.

Откако таму ја раскажав цела ситуација од почетокот до тогаш, сомнежот прв и веднаш беше изречен – последица од вакцина. Тогаш почнав да истражувам. А само кога го прочитав составот на вакцините, ми се слоши, паднав. Се прашував: на кого тоа ние животите на нашите деца ги полагаме? Како можев онака слепо да им верувам на тие во бели мантили? Зар легитимитето кој им е даден не го полагаа пред Хипокрит? Па и преку Хипокрита: имаат ли совест и свест за она што го чинат? Одговорот се уште не можам да го најдам. Или не сакам – не знам. Зар парите се над животот??? И што впрочем е над еден човечки живот, сем Господ?

Родители, Ве молам пред да одлучите да ги вакцинирате вашите деца размислете убаво, едуцирајте се дали и Вие како мене ќе оставите се’ во рацете на докторите на кои веројатно им е важен само профитот, но не знам дали и животот. Размислете дали ќе дозволите тие отрови да ги ставаат во тие малечки тела. Децата се наше најголемо богатство, тие не можат да изберат што е добро за нив, но за тоа не имаат нас родителите, и ние сме должни да ги заштитиме.

Тоа што го прави фармацевтската мафија е злодело против човештвото. За неа нашите деца се експериментални глувци и веројатно само сретства за заработка на пари. Ним не им одговара човештвото да е здраво, зашто инаку каде би ги продавале нивните отрови? ‘Модерната’ медицина не го познава зборот ИЗЛЕКУВА, туку само ЛЕКУВА. Зависта од лекувањето им е целта. Родители, заштите си ги вашите деца. Едуцирајте се, информирајте се. Сега барем тоа на сите ни е достапно. Човечкиот живот нема цена, јас тоа го знаев, а сега го спознав.

Целата сторија на  – zdravjenaiglanevleguva.com

Реакција од Детската клиника: Болеста на починатото дете НЕ е од вакцините !

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1