Укината евтината струја преку ден – ЕВН со нов шок ќе заработува на потрошувачите


Освен што поскапе струјата од денеска се укинува и дневната евтина тарифа што досега граѓаните ја користеа од понеделник до сабота, освен во неделите од 13 до 16 часот.

Така да подгответе се за многу повисоки сметки во Август – освен покачувањето сметката сега ќе ви ја зголеми и фактот што преку ден нема евтина струја.

За најновата измена и регулаторите денеска без коментар, а од ЕВН велат така одлучила регулаторна. Повторно се поставува прашањето дали загубите на една приватна фирма се поважни од џебот на граѓаните – прашуваме – кого регулира регулаторна – компаниите или граѓаните? со ова е јасно дека ЕВН не доби само 10 насто зголемување кое им се сервираше на граѓаните – туку зголемувањето е поголемо.

Според најновите измени во тарифникот, засега останува да важи евтината тарифа на струјата во ноќните часови, која важи од 22 до 7 часот наутро.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1