Видео: Лажел дека работи за премиерот и измамил 30 фирми – им зел 144.000 ден


53 годишниот В.С. со  прекар “Спикер“ од Свети Николе, лажно се претставувал како вршител на висока функција во Владата на Македонија. Велејќи им дека работи за премиерот Груевски барал пари за лекување и измамил 30 правни и физички лица од повеќе градови во РМ.

Сите пари културно му уплаќале на негова и на трансакциската сметка на неговата сопруга. Вкупно собрал 144.550 денари, на име донација за лекување на болно лице од Свети Николе. Осомничениот ги подигнал во готово парите и ги искористил за свои лични потреби.

Спикер се преставувал како Владо Радевски – вработен во Кабинетот на Премиерот на Владата на Република Македонија и како Димче – вработен во Министерството за правда, при што од оштетените барал парични средства – донација. Притоа истиот им презентирал различни верзии поврзани со лекување на болно лица и тоа: донација за лекување на дете во странство, донација за лекување на дете на негов пријател, донација за негова лична операција во странство, помош за негов роднина за лекување во странство, помош за операција на болен човек, помош за болен човек за итна операција, а во други случаи пак за лекување на неговата сопруга, помош за операција, хуманитарна помош за болни лица од Свети Николе и сл.

дури и им ја доставувал документацијата од историјата на болеста на неговата сопруга која се лекувала во ЈЗУ „Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија“. Инаку, од страна на оштетените се уплаќани различни износи на парични средства, односно едно правно лице извршило уплата од 20.000 денари, две правни лица по 10.000 денари, единаесет од оштетените правни и физички лица извршиле уплата на износи помеѓу 5.000 и 7.000 денари, а шеснаесет  уплатиле износи помеѓу 1.200 и 4.000 денари.

Пријавениот и претходно е познат на Службата како сторител на кривични дела во периодот од 1975 до 2012 година, односно тој бил пријавуван за кривични дела – “кражба“,  „измама“ и други, на подрачјето на Струмица, Велес, Кочани, Скопје, Свети Николе, Неготино и Кавадарци, а на истиот од страна на судовите му се изрекувани и затворски казни.

Share Button

Tags: , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1