Заштитете се себе си и срцето од пеколните темератури


Доколку забележите појава на грчеви во мускулите, гадење и повраќање, главоболка, вртоглавица, раздразливост, телесна температура над 40 степени, тогаш вие сте изложени на ризик од настанување на кардиоваскуларни проблеми.

Автор M-r Ph Марија Петреска /

Сигурно се прашувате зошто во летниот период постојано се нагласува да внимавате на високите температури, а особено хронично болните и оние со ризик за срцеви заболувања.

Има причина зошто е тоа така. Кога во летниот период темературите во текот на денот се доста високи се зголемува и телесната температура, а зголемената влажност на воздухот предизвикува побавно испарување на потта од површината на кожата. Како резултат на ова, организмот реагира на тој начин што крвта се пренасочува кон површината на кожата заради ширење на површинските крвни садови под влијание на топлината, но и со цел кожата да се излади, а со тоа пак се намалува дотокот на крв во мускулите како и самото срце. Резултат на тоа е зголемен срцев ритам.

Доколку забележите појава на грчеви во мускулите, гадење и повраќање, главоболка, вртоглавица, раздразливост, телесна температура над 40 степени, тогаш вие сте изложени на ризик од настанување на кардиоваскуларни проблеми кои се јавуваат како резултат на високите летни температури. За таа цел, ве советуваме како да го заштитите вашето срце во овие летни денови доколку патувате или пак неизбежно е да бидете физички активни дури и кога надворешните температури се превисоки.

Доколку почувствувате било кои од горенаведените симптоми, веднаш мора да се заштитите од топлината. Внесувајте голема количина на течности, отстранете ја вишокот облека и полека разладувајте го телото со ладна вода, но доколку симтомите не се подоборат во рок од половина час, тогаш станува збор за топлотен удар и мора да побарате медицинска помош.


Секако дека постојат и превентивни мерки кои ние ви ги препорачуваме за да го заштите вашето срце и да спречите појава на било каков проблем поврзан со него и вашите летни активности.

Доколку сте физички активни, 30 минути пред вашето вежбање пијте голема количина вода, а потоа внесувајте барем по една чаша на секои 30 минути. Завршете ги вашите активности рано наутро или навечер, вашата облека нека се состои од лесни памучни парчиња со светли нијанси на кои без мака би додале капа како моден детал.

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1