105 годишна старица „примена“ во градинка!?


Швеѓанката Ана Ериксон, 105 годишна старица, неодамна добила многу необично писмо. Всушност, една градинка во Тиерп, на истокот од Шведска, и испратила писмо во кое ја известува старицата дека во таа предшколска установа има едно слободно место за неа.

Директорката на градинката објаснила дека добила листа со имиња и адреси од сите родени во Тиерп од 2007, меѓу кои било и името на Ана Ериксон, која е родена во далечната 1907 година.

– Нејзината ќерка не исконтактира, сметајќи дека случајот е навистина забавен, изјавила директорката.

Ќерката шалејќи се рекла дека старицата со радост би дошла во градинката.

Директорката се насмеала и рекла дека навистина би било добро доколку е во можност да дојде во време кога се отворени вратите од градинката за да се запознаат и да пијат едно кафе.

 

Share Button

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1