Биланс од вчерашното невреме во Македонија – загинато 4 годишно девојче, 16 пожари, паднати кровни конструкции, откорнати дрвја, оштетени автомобили и објекти.
Јавните претпријатија, противпожарната бригада и екипите на Паркови и Зеленило извршиле поголем број интервенции на терен за елиминирање на последиците од силните ветрови.
Во текот на ноќта екипите интервенираа на повеќе локации на булеварот Илинден, на улиците Орце Николов, Киро Крстевски Платник, Веселин Маслеша бр.1, Сава Ковачевиќ бр.26, на булеварите Јане Сандански и Кузман Јосифовски Питу, на улицата Божидар Аџија, како и на потегот меѓу паркот „Жена борец” и Ургентниот центар„ информира Град Скопје.
Најголеми интервенции доцна синојќа имале противпожарната бригада тие во текот на ноќта извршија вкупно 28 интервенции во околината на Скопје,
Поради непристапноста на теренот, намалениот видик и опасноста од струен удар, екипите на јавните претпријатија на Град Скопје не беа во можност на интервенираат во текот на ноќта и на неколку локации интервенираа во раните утрински часови.
На 12.07.2012 година во 20,30 часот телефонски во СВР-Тетово, НН граѓанин пријавил дека на локалниот пат с.Требош-Тетово, поточно пред надвозникот, поради временски неприлики-силен ветер било откорнато поголемо дрво кое паднало врз ПМВ„БМВ“ управувано до А.Б.(1979) од с.Требош, на кое возило имало платнен покрив и во возилото на задното седиште било безживотното тело на малолетната Арта Б.(2008) од с.Требош. Во возилото биле и лицата Б.Б.(1980), Н.Б.(1997) од с.Требош и А.Џ.(2003) од с.Палатица, кои се здобиле со повреди. Повредените лица по укажаната лекарска помош во КЦ-Тетово се пренесени во КЦ-Скопје. Од страна на доктор констатирана е смрт при што е утврдено нагмечување на главата поради падот на дрвото. Увид на лице место извршиле ИС, ЈО и екипа од СВР-Тетово. Со согласност на ИС, телото на починатата е дадено на фамилијата за погреб.
На 12.07.2012 година во ПС-Аеродром, А.И., пријавил дека на бул.„3-та Мак. Бригада“бб, во близина на техничко-патничката станица, блок 1 на МЖ, имало пожар при што била опожарена сува трева, а кој оган се проширил и зафатил повеќе дрвени прагови од пруга. Од страна на екипа на БППЗ-Скопје пожарот е изгаснат, направена е маеријална штета на дрвените прагови која дополнително ќе биде утврдена.
На 12.07.2012 година околу 22,00 часот во с.Кожле-Скопје, на м.в.„Село“ поради силниот ветер настанал спој и искрење од електрични жици кои биле под напон, при што настанал пожар од кој била опожарена сува трева во површина од околу 500м² во нива сопственост на Б.Т. од Скопје. Пожарот е изгаснат од месното население.
На 12.07.2012 година околу 22,20 часот во Скопје на локалниот пат с.Волково-с.Орман, на ул.„102“бб, пред училиштето, поради временски неприлики-силен ветер биле откорнати жиците од електричната мрежа кои се заплеткале во гранки и од искра настанал пожар при што биле опожарени околу 400м2 стрниште. Пожарот е изгаснат од екипа на БППЗ-Скопје.
На 12.07.2012 година околу 21,45 часот на м.в.„Паланка“ атар на с.Старо Градско, на отворен простор од непознати причини настанал пожар при што е опожарена околу 1 хектар површина сува трева, нискостеблести растенија и околу 20 дрвени сандаци со пчели сопственост на С.С.(1952) од Велес. Пожарот е изгаснат од екипа на ТППЕ-Велес и ДППД-Градско. Материјалната штета дополнително ќе биде утврдена
На 12.07.2012 година околу 22,00 часот на локалниот пат с.Орман-Лепенец, поточно во градежната фирма „ДАЦ Комерц“ сопственост на Д.Т.(1959) од с.Кучково, поради временски неприлики-силен ветер жиците од електричната мрежа се споиле и од настаната искра се запалило стрниште кое се наоѓало околу плацот, но поради силниот ветер пожарот се проширил и зафатил 20м³ греди, 10м³ оплати, десет (10) гуми за камион, дваесет (20) буриња и три (3) диференцијали, со што е причинета материјална штета од околу 900.000 денари. Пожарот е изгаснат од екипа на БППЗ-Скопје.
На 12.07.2012 година во 20,30 часот телефонски во ПС за ОВ-Скопје, од дежурниот диспечер при ДОЦ на МЖ, било пријавено дека на железничката пруга помеѓу железничка станица Миравци и железничка станица Гевгелија, поточно на железничка станица Смоквица од двете страни на пругата, како и на самата пруга во должина од околу 500-600 метри настанал пожар на сува трева при што биле опожарени и 150 прагови од кои 56 прага целосно изгорени. Пожарот е изгаснат од екипа на ТППЕ-Гевгелија. Со настанатиот пожар железничкиот сообраќај не е во прекин, но се одвива со намалена брзина.
На 12.07.2012 година околу 21,30 часот во Скопје на ул.„Сава Ковачевиќ“бр.47, и салата Расадник поради временски неприлики-силен ветер паднала скината жица од бандера, при што настанал пожар во кој била опожарена трева во површина од околу 800м². Од страна на екипа на БППЗ пожарот е изгаснат.
На 12.07.2012 година околу 21,30 часот во с. Осинчани-Скопје, поради временски неприлики-силен ветер, бил искинат електричен кабел при што настанал пожар од кој била зафатена сува трева и ниско стеблести растенија во површина од околу 100,00м², при што била предизвикана незначителна материјална штета. Пожарот е изгаснат од екипа на БППЗ-Скопје.
На 12.07.2012 година во 21,10 часот во Скопје покрај локалниот пат за с.Батинци, избувнал пожар при што била опожарена една колиба сопственост на Ј.К.(1948) од Скопје и 300м³ сува трева, со што била причинета незначителна материјална штета. Причина за настанување на пожарот е спој на електрични жици од далековод. Пожарот е изгаснат од месното население.
На 12.07.2012 година во 21,15 часот во с.Морани-Скопје на ул.„1“, во куќата сопственост на А.А.(1968), поради временски неприлики-силен ветер дошло до спој на електрични жици при што од искрење на истите настанал пожар од кој била опожарена кровната конструкција и горниот кат од куќата, со што е причинета материјална штета од околу 900.000 денари. Пожарот е изгаснат од екипи на БППЗ-Скопје.
На 12.07.2012 година во 22,40 часот во ПС-Драчево, од НН граѓанин било пријавено дека на десната страна од локалниот пат с.Драчево-с.Долно Количани, над гробиштата Драчево настанал пожар при што била опожарена сува трева и стрништа, со што била причинета незначителна материјална штета. Причина за настанување на пожарот најверијатно е искинат електричен кабел од далековод. Пожарот е изгаснат од екипа на БППЗ-Скопје. За настанот известен е и ЕВН.
На 12.07.2012 година околу 21,30 часот во Скопје во викенд нас.Морани, од десната страна на патот после ф-ка „Фруктал“ настанал пожар при што била опожарена сува трева и жива ограда околу повеќе викенд куќи во површина од околу 500м², при што била причинета незначителна материјална штета. Причина за пожарот била спој на жици од електрична мрежа. Пожарот е изгаснат од месното население.
На 12.07.2012 година околу 23,00 часот во Скопје во викенд нас.Морани, во близина на викендицата сопственост на С.К.(1948) од Скопје, настанал пожар при што била опожарена сува трева со површина од 50м² и три (3) борчиња, со што е причинета незначителна материјална штета. Причина за пожарот била искри од спој на жици од електрична инсталација при услови на силен ветар. Пожарот е изгаснат од екипа на БППЗ-Скопје.
На 12.07.2012 година во 21,10 часот ПС-Кисела Вода, И.С. Пријавил дека во атар на с.Долно Соње-Скопје, поради временски неприлики-силен ветер дошло до прскање на искри од електричните жици при што настанал пожар на нива стрниште од околу 500м², со што е причинета минимална материјална штета. Пожарот е изгаснат од месното население и екипа од БППЗ-Скопје.
На 12.07.2012 година во 21,40 часот телефонски во ПС-Битола пријавено е дека во земјоделска парцела, сопственост на ЗК„Пелагонија“ РЕ„Даме Груев“, лоцирана во атарот на с.Д.Српци и с.Беранци, настанал пожар на површина од околу 20 хектари посеана со пченица. Пожарот е изгаснат од екипа на ТППЕ-Битола. Увидот ќе биде извршен на 13.07.2012 година по што ќе биде утврдена и материјалната штета и причините за настанувањето на пожарот.
На 12.07.2012 година околу 21,15 часот во Скопје на ул.„Орце Николов“ пред куќен бр.178-а, поради временски непогоди-силен ветер, паднале две (2) дрва (липи) и едно железно сандаче кое било закачено на дрвена бандера, најверојатно од кабловска телевизија, при што се оштетени три (3) ПМВ и тоа: ПМВ„Цитроен Ц2“ сопственост на Г.Г. од Скопје, на кое му е оштетен дел од покривот и искршено задно стакло од петтата врата, ПМВ„Шевролет Таксео“ сопственост на С.М. од Скопје, на кое му е оштетен покривот, крилото од левата страна и задното стакло, и ПМВ
„Југо Корал“ сопственост на М.Д. Од Скопје, на кое е скршено предното ветробранско стакло и предното лево крило.
На 12.07.2012 година околу 22.25 часот во Скопје на ул.„Шуто Оризари“ поточно пред куќен бр.87, поради временски неприлики-силен ветер, оштетен е покрив од куќата сопственост на Е.С.(1980) од ул.„Шуто Оризари“, при што се искршени салонитни табли и една греда кои паднале на улицата додека во моментот се движело ПМВ„Мерцедес“, управувано од И.С.(1973) од Скопје, при што е оштетен покривот, предна шофершајбна, хаубата и изгребани се вратите. Материјалната штета дополнително ќе биде утврдена.
На 12.07.2012 година околу 21,40 часот во Скопје на бул.„Партизански Одреди“ од зграда бр.127, поради временски неприлики-силен ветар бил откорнат дел од кровната конструкција од зградата, при што паднал на бул.„Партизански Одреди“ со што ги блокирал коловозните ленти од булеварот во правец кон нас.Ѓорче Петров, при што немало причинета материјална штета на околните објекти и возила. На лице место излезени се комунални инспектори од Општина Карпош од чија страна се обезбедени екипи за чистење на коловозот.