Три момчиња се тешко повредени, а две полесно во тешката сообраќајна несреќа која се случила утрово околу 2.40 часот.
Од СВР Скопје, до несреќата дошло кога „БМВ“ со скопски регистарски таблички се забило во цистерна „мерцедес“ кај бензиската станица на „Окта“ на булеварот „Србија“ во Аеродром.
Тешко повреден е возачот на „БМВ“-то, 20-годишниот М.Т., кој заедно со уште еден полесно повреден сопатник, 19-годишниот М.С., се пренесени во ГОБ „Наум Охридски“.
Со тешки телесни повреди во Ургентен центар се пренесени 19-годишните Д.А. и Д.Г., како и уште еден сопатник од автомобилот Д.Д., кој поминал со полесни повреди.
Голема сообраќајка: Автомобил полн млади се заби во цистерна во Ново Лисиче (Видео/Фото)