Откако се качила во автобусот со број 5 на автобуската постојка на булеварот „Кочо рацин“, од страна на четири лица била совладана и легната на подот од автобусот. Потоа била газена на грбот од што се здобила и со видливи повреди. Насилниците по настанот се разбегале, соопштуваат од МВР.
Полицијата ги презема сите мерки за откривање на сторителите. Немилиот настан се случил вчера во 14 часот и 15минути.










