9-годишниот Стефан раскажа за голготата: “Ме поли со бензин, вриштев од болка”


Бев со браќата на улица, се шетавме и тргнавме кон мајка ни, а тогаш се свртев и видов пламен. Буквално ме голташе. Јас горев и вриштев од болки. Вака деветгодишниот Стефан Јовановиќ од Лазаревац, ја раскажува страшната судбина која му се случи, кога неговиот сосед го поли со бензин и го запали. Тој гореше жив, но за среќа, лекарите успејаа да му го спасат животот.stefan-jovanovic-ivan-petrovic-decak-zapaljen-foto-nebojsa-mandic-1458167742-865611iul78o78-44939

Малиот Стефан настрада на 20 февруари кога неговиот сосед, 19-годишниот Иван Петровиќ, среде улица со пластично шише со бензин го поли момчето и го остави да гори. Редакцијата на српскиот Курир сега по долгата болничка нега и опоравување на Стефан, разговараше со несреќното момче.

– Се гореше, имав ужасни болки. Легнав на земја за оганот да се угаси, но залудно. Тогаш мојот постар брат Немања и помалите браќа близнаци пробаа да ме спаса. Вриштев колку што ме држи гласот, вели момчето.

Неговата мајка Даниела вели дека цел живот таа хорор сцена ќе и биде во главата: – Опекотините беа видливи, косата му изгоре, вриштеше од болки, беше ужасно, вели потресената мајка.

Стефан мислел дека нема да издржи. Имал ужасни болки, се распаѓал, се го печело…Вели дека знае дека соседот Иван го полил, а потоа избегал дома.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1