Во тек е интернет аукција на предметите од Олимпијадата во Лондон. Спортистите по завршувањето на игрите оставија дел од својата гардероба, реквизити и други предмети кои сега се дел од аукцијата.
Се продаваат и знамињата на сите земји како и сите реквизити користени за време на спектакуларното отварање и затворање на игрите.
На аукција се и предмети од нашата делегација во Лондон. Се продава и знамето кое на отварањето го вееше нашиот спортист Марко Блажевски.
Стартната цена за нашето знаме беше 255 фунти но следи надавање и во овој момент достигна цена од 430 фунти. Колку за споредба знамето на Соединетите американски држави САД веќе е продадено и тоа за речиси 9 илјади фунти.
На продажба е и грчкото знаме кое прво беше подигнато на Олимпијадата како земја во која игрите започнале. Аукцијата трае и досега не е многу поскапо од нашето – цената е 606 фунти.
Една од маскотите сеуште е на продажба и надавањето трае, а досега достигна цена од 8.000 фунти.
Аукцијата е на следниот линк – Аукција Олимпијада 2012