Во пресрет на одржувањето на летните олимписки игри во Лондон, Велика Британија, од страна на Британското биро за врски при Европол, пратено е известување со кое се предупредува за појава на неовластени интернет страници за продажба на карти за Олимпијадата, како и за лажни веб страни кои нудат сместување.
Дадени се и инструкции што треба да се преземе доколку се набавени билети на некои од следните веб страни:
www.euroteam.net
www.tixnet.com
www.olympicticket.info
www.euroteam.info
www.euroteamtickets.com
www.2012tickets.org
www.londonsummergames.net
www.londonsummergames.org
www.euroteam.travel
www.worldticketservice.net
Во таков случај потребно е веднаш да се контактира со компанијата од каде што првично постоел обид за купување карти, или да се контактира компанијата која го овозможила префрлањето нa пари и повлекувањето на средства. Случајот може да се пријави и на следната адреса на електронска пошта:
[email protected].
Единствен и најбезбеден начин за купување на билети за Олимпијадата е преку официјалната веб страна www.london2012.com
Од нивна страна сугерирано е дека мора да се има потврда дека се поседува билет пред да се патува на Олимпијада, бидејќи полицијата има сознанија дека се измамени лица ширум светот.
Сите информации за измамени граѓани, може да се достават до Одделението за Европол, кое потоа ќе стапи во контакт со надлежните служби, со цел пронаоѓање на сторителите.