Кралот Ричард трети закопан под паркинг? Археолозите ја ископаа вистината


Англиски археолози најавуваат дека го пронајдоа гробот на некогашниот величествен англиски крал Ричард Трети и тоа не било каде туку под паркинг во градот Лестер во Англија.

Археолошката потрага по загубената гробница на средновековниот владетел убиен во битката кај Босворт од страна на истражувачите од Универзитетот во Лестер, започнала кај местото на црквата во градот, каде што се верува дека кралот Ричард Трети бил погребан во 1485 година.

Експертите сега веруваат дека гробницата се наоѓа под паркинг.
Кралот Ричард Трети е една од клучните фигури во англиската историја, владеел на земјата две години, се до неговата смрт во битката кај Босворт за време на „војната на розите“.

За познатата битка која била инспирација на Шекспир, односно дестинацијата каде што се одвивала, се дебатира со векови.

Историчарите првично веруваат дека тоа се случило на Амбион Хил во близина на Сатон Чејни каде бил подигнат и камен споменик. Се верува дека телото на царот било преместено во Лестер, во црква на француски манастир.
Но, се уште не се знае точната дестинација на црквата. Според други гласини пак остатоците од починатиот монарх најверојатно се фрлени во река. Доколку се најдат било какви докази за останките на некогашниот крал Ричард Трети истите ќе бидат подложени на ДНК анализа.

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1