Професорот по историја од гимназијата „Браќа Миладиновци“ кој беше обвинет дека на ученици им покажувал порнографски материјал и се задоволувал пред нив вечера доби ослободителна пресуда – судот одлучи дека нема докази. Денеска професорот најавува дека ќе ги гони кривично сите кој се обиделе да го наместат.
Прва на списокот која професорот уште на почетокот ја спомена како главен виновник за невистините е секретарката на училиштето, за неа сигурно ќе следи тужба од професорот, не се знае дали тужба ќе добијат и тројцата ученици, односно нивните родители за исказите дадени во полиција дека професорот им пуштал порно клипови. Адвокатот на професорот, Ефто Спировски најави дека оние кои му го нарушиле угледот ќе бидат тужени.
Отккао се обелодени скандалот во декември минатата година професорот беше притворен, потоа суспендиран и на крајот доби отказ од училиштето каде беше вработен нов професор по историја. Сега тече и постапка во која професорот си го бара работното место назад, а според неговиот адвокат и овој спор ќе заврши во нивна корист.