Избегната трагедија во скопската населба Ченто. Заталкан куршум, ноќеска околу 23 часот, за малку ќе погодел три девојчиња кои си играле во дворот на нивната куќа, јави Канал 5.
Куршумот бил од пиштол со калибар од 9 милиметри. Куршумот со огромна брзина само паднал покрај нив, на оддалеченост од само еден метар. Случајот бил пријавен во полиција, а екипи извршиле увид на теренот. Ќе се утврдува од каде потекнува куршумот, дали е од регистрирано оружје и дали според траекторијата на движење може да се утврди реонот од каде е испукан.