Тројца луѓе денеска загинаа при пукање во трговски центар во предградие на Њујорк, објавија локалните медиуми, додавајќи дека помеѓу загинатите е и напаѓачот.
Пукањето се случило околу 04 часот утрово во трговскиот центар „Патмарк“ во местото Олд Бриџ во државата Њу Џерси.
Вработените во продавниците внесувале роба кога напаѓачот влегол, убил двајца и потоа извршил самоубиство.
За сега не се знае колку луѓе се повредени во инцидентот.









