Северна Кореа и се закани на Америка дека ќе го зголеми нуклеарниот арсенал


Северна Кореа денеска се закани дека ќе го зголеми и модернизира нуклеарниот арсенал „до незамисливи граници“, доколку САД не ја промени политиката кон оваа комунистичка земја.

Министерството за надворешни работи на Северна Кореа порача дека државата развила нуклеарно оружје за да се брани од евентуални закани од американски атомски напад.

Во соопштението е наведено дека Северна Кореа нема друг избор освен да го зголеми нуклеарниот арсенал, доколку САД не ја донесе вистинската одлука.

– Нашиот нуклеарен арсенал кој служи за одвраќање на напад ќе биде модернизиран и зголемен до размери кои САД не може ни да ги замисли – порачало Северно Корејското министерство.

Северна Кореа со децении развива нуклеарно оружје. Нејзиниот официјален став е дека на оваа држава потребно и е ваквото оружје за одбрана од американската нуклеарна закано, но всушност сака да го уништи атомскиот арсенал.

Според договорот од септември 2005 година кој е постигнат со преговори меѓу шест држави, Пјонгјанг прифати да го запре нуклеарната програма во замена за економска и дипломатска помош, како и безбедносни граници. Меѓутоа во декември 2008 година преговорите на шесте држави за промени на договорот наидоа на ќорсокак.

Меѓународната агенција за атомска енергија вчера соопштила дека Северно Корејската нуклеарна програма е доста загрижувачка.

Изјавата на Северна Кореа за активностите за збогатување на ураниумот и изградба на реактор кој за ладење ќе користи обична вода е доста проблематична.

Пјонгјанг објавил дека гради постројки за збогатување на ураниум во кои ќе произведува гориво со низок степен на збогатеност за новиот реактор кој е неопходен за да бидат задоволени енергетските потреби на Северна Кореа.

 

Share Button

Tags: , , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1