Поплавени објекти од обилните дождови во Струмица (Фото)


Обилните дождови кои од синоќа го зафатија Струмичкиот регион предизвика поплава во градот Струмица, покрај поројот од “Крушевска Република“. Поплавени се улици, станбени објекти, подруми кај улиците “Браќа Минкови“ и Максим Горки“.

 

СтрумицаНет известува дека екипи на ЈПКД “Комуналец“ се на терен за да им помогнат на загрозените околу надојдените води. Бошко Михајлов од ЈПКД “Комуналец“, изјавил дека две цистерни со 8 работници ја црпат водата од улиците.

Луѓето веднаш почнаа да дигаат паника како и секогаш кога врне многу дожд, ставајќи ги даските пред куќа да не им влезе преку надворешнот влез од дворот. Од некои места водата се повлече, а некаде им влезе во домовите на луѓето.

Струмичани се секогаш на штрек кога ќе заврне дожд во предесенскиот период и стравуваат од поплава. Поплавата не е од големи размери како претходните.

Општина Струмица во повеќе наврати најавува дека ќе го среди проблемот со поплавите од обилните дождови, но, струмичани тешко се справуваат веќе многу години со овој проблем.

Фото – Сречко Гунчев

Tags: , , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1