Телевизија АБ канал се продава – информации на следниот телефон. Овој оглас цел ден е на фреквенцијата на АБ канал. Откако вчера Газдата Бојо Андревски ги собрал вработените на состанок и им објавил дека тоа им е последниот ден на работа.
АБ канал имаше ненамирени обврски за концесијата и Советот за радио-дифузија, најверијатно оваа недела на дневен ред ќе ја имал телевизијата.
Сопствениците веќе некое време се обидуваа да најдат купец за телевизијата, и покрај многуте шпекулации за нови сопственици тоа не се случи. Ова е изгледа последен обид на Газда Бојо да се отараси од телевизијата, а да не отиде во целосна загуба од неа.