Владата дава пари за 550 самовработувања – навалете, огласот е во вторник


Според најавите на Владата на РМ во вторник ќе биде распишан конкурс во рамки на проектот за самовработувањето на 550 лица.

Владата во рамки на овој проект дава пари за стимулација на самовработувањето. Огласот ќе трае 20 дена, а портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев упати апел сите заинтересирани да аплицираат.

Досега со првиот ваков оглас се вработени 112 лица, Ѓорѓиев потсети дека во тек е и јавниот повик за 1.000 нови вработувања преку обука за познат работодавач, кој трае до 17 -ти јули и јавниот повик за ангажман на 4.000 лица за вршење јавни работи кој ќе трае до 20 јули.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1