За ВМРО-ДПМНЕ бракот е заедница меѓу маж и жена и отстапки за тоа прашање нема да се прават додека партијата е на власт, ова го изјави министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.
Тој дециден дека нема да има никакви промени во Законот за семејство и нема да се дозволи склучување на хомосексуални бракови во Македонија.
-Во Законот е јасно дефинирано дека бракот е заедница меѓу маж и жена и тоа ќе остане така додека ние го раководиме министерството и Владата. Како политичка партија имаме дадено многу јасен став во однос на хомосексуалните бракови, рече министерот.
Ристовски дециден дека тоа важи и за посвојување на деца.,, Не сакам ни да дискутирам за прашањето на хомосексуалните парови да им се дозволи да посвојуваат деца, детето треба да расте со мајка и татко во вистинска и биолошка форма на зборот, дециден Ристовски.