Собарот на Папата останува под надзор



Паоло Габриеле, еден од најдоверливите луѓе на Папата, кој беше уапсен во мај за пласирање на доверливи документи во јавноста, ќе остане под надзор на полицијата на Ватикан.

Тој ќе остане под надзор се додека за неколку недели не биде завршена истрагата, објави официјален Ватикан.

Портпаролот на Ватикан, отец Федерико Ломбарди изјави дека од главниот обвинител на Ватикан се очекува да ја заврши официјалната истрага за неколку недели и да одлучи дали да Габриеле ќе се ослободи од обвиненијата или ќе се донесе пред суд.

Ватикан, во кој не постои затвор, за сега одлучил да го задржи Габриеле во една од трите таканаречени безбедни простории во полицијата на Ватикан иако неговите адвокати побараа тој да биде префрлен во домашен притвор.

Според Ватиканскиот закон, обвинетиот пред судењето, може да биде во притвор 50 дена, а тоа  е период во одредени случаи може и да се удвои односно притворот да трае и до сто дена. „Габриеле ги ужива сите права загарантирани со кривичниот закон и процедурите на Ватикан“, изјави Ломбарди. Тој исто така нагласи дека фактот што Габриел не е ослободен по првите 50 дена не значи и дека автоматски ќе остане во притвор и наредните 50 дена.
Во следните десет дена ќе продолжи испитувањето на Габриел да се утврдат сите потребни факти. Доколку се утврди дека има основа за судење, тоа треба да започне во септември. Комисијата која треба да одлучи за вината на Габриеле е составена од тројца кардинали кои ќе водат посебна истрага, а своите заклучоци ќе му ги пренесат директно на Папата.
Собата во која се наоѓа притворениот е со големина 3,5-4 метри, има мал прозорец и посебна бања. Во собата има крст, а на Габриеле му е дозволено секојдневно да присуствува на миса. Италијанските медиуми се уште шпекулираат за она што би можело да го натера срамежливиот побожен човек и едно лице од најдоверливите луѓе на папата, да почне да издава доверливи документи во јавноста. Според медиумите тој или е предавник или е нечија жртва.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1