Во бразилската провинција Рио до Сул беа откриени 512 умрени пингвини.
Смртта на несреќните животни ги збуни научниците, затоа што на телата на пингвините нема повреди, или дамки од масло, а покрај тоа не биле умрени од глад.
Труповите на пингвините биле пронајдени меѓу градовите Траманда и Сидреира, а ги нашле локалните жители кои го пријавиле случајот до надлежните органи.
Научниците од центарот за поморски истражувања-Сесилмара, земал примероци од телата на 30 пингвини во обид да ја утврдат причината за смртта, а резултати треба да бидат готови за еден месец.
Станува збор за еден вид на пингвин кој се пари на југот на Јужна американската република и тоа во големи групи. Сепак, во периодот меѓу март и септември тие мигрираат на север во потрага по храна. Не е невообичаено на патот до север да починат, но тоа најчесто се случува од прегладнетост или исцрпеност, но смртта на толку голема група на здрави и добро нахранети пингвини, досега не било регистрирано.