замина во историјата најголемата скопска мистерија – куќата на духови во Црниче.
според информациите навесникот Вест викендов куќата била до темел урната, а багери ги расчистувале остатоците.
На местото на кое со децении стоеше мистериозната куќа сега ќе никне нов објект.
Од општина Кисела Вода за весникот „Вест“ велат дека издале решение за уривање врз основа на барање на сопственикот Крсто Велјановски. Откако тој ќе плати комуналии ќе му биде издадена и дозвола за градба Сеуште нема информации што сопственикот ќе гради на тоа место.