Од идниот месец Агенцијата за вработување ќе ангажира околу 500 лица како сезонски работници, а плата ќе им дава Владата, односно трошоците ќе ги сноси Агенцијата за вработување..
Ангажираните се за потребите на Општините и јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“.
ангажманот ќе е шест месеци, а ќе бидат повикани невработени лица, нискоквалификувани и лица над 55 години.
Месечните примања на работниците ќе изнесуваат 7.600 денари.