Во Центар крадци и ги тепале и ги ограбувале жртвите – фатени се


 

Две лица на возраст од 23 и 20 години, обајцата од од Скопје заработија кривични пријави и 30 дена притвор, за неколку сторени дрски кражби.  

Во текот на минатата недела на улиците “Стив Наумов“, “Црвена Општина“ и “Кеј Димитар  Влахов“, извршиле три кривични дела, а од кражбите се офајдиле со 81.000 денари.
едната жртва ја ограбиле со употреба на физичка сила. Го удриле со тупаница и му нанеле повреда на аркадата на десното око, потоа му го откинале златното ланче и со закана дека ќе го убијат ако вика избегале.

на втората жртва и пришле од зад грб, го фатиле и држеле оштетениот за рацете за да не може да се брани и со употреба на физичка сила се обиделе да го соборат на земја. И нему му го откинале златниот ланец од вратот, по што избегале.

Третиот ограбен пружил отпор, но го бутнале на земја, го удирале и му го украле ланчето.

Двајца од крадците се фатени и против нив е поднесена кривична пријава. Сеуште се трага по третиот учесник.

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1