Бан Ки Мун на белградскиот аеродром останал да седи во својот приватен авион повеќе од 45 минути, и сепак на крај властите на Србија не му дозволија да полета за Приштина.
Бан Ки мун морал од воздушниот простор на Македонија да влезе во Косово, откако претходно неговиот пилот на авионот не добил дозвола од Српските власти да полета кон Приштина.Директорот на цивилниото воздухопловство на Србија не го одобри летот на авионот со кој патуваше генералниот секретар на Обединетите Нации.
Бан Ки Мун на белградскиот аеродром останал да седи во својот приватен авион повеќе од 45 минути, и сепак на крај властите на Србија не му дозволија да полета за Приштина. Од директоратот на цивилното воздухопловство на Србија изјавија дека за летот е надлежно Министерството за надворешни работи.
Косовскиот весник „Коха диторе“ пишува дека генералниот секретар Бан Ки мун стигнал во Приштина со 45 минути закаснување, поради официјален Белград кој што не му дозволил, неговиот авион да прелета преку територијата на Србија.
„Само еден ден по средбата со српските официјални луѓе, генералниот секретар на ОН и изјавата дека максимално ќе се ангажира за решавање на проблемите со Косово, официјален Белград продолжи со провокациите и не му дозволи на пилотот на приватниот авион на Бан Ки Мун, да го добие меѓународниот код и да прелета преку територијата на Србија, па да пристигне во Приштина“, пишува Коха.
Шефот на најголемата меѓународна организација поради тоа закасни 45 минути. А, и покрај големите притисоци и барања на дипломатите, властите во Србија не го променија своето мислење и авионот на Бан Ки Мун на приштинскиот аеродром допатува преку Скопје, потврдиле за приштинскиот весник дипломатски извори.
Дневникот наведува дека властите во Белград не дозволиле воздушниот простор на Косово да се користи за летови кон Приштина.
Споре весникот во иста ситуација како и генералниот секретар на ОН, минатата година се нашла и германската канцеларка, Ангела Меркер, која што исто така од Белград, преку Македонија допатувала на Косово.
„Директоратот не доби зелено светло за одобрување на ваквиот лет, а инаку летовите на државните функционери и дипломати како и хуманитарните летови се во надлежност на Министерството за надворешни работи“, изјави советникот за медиуми директорката, Катерина Андриќ Милосављевиќ.
Истата потсети дека од 1999 година нема никакви комерцијални и цивилни летови кон Приштина за кои би бил надлежен Директоратот за цивилно воздухопловство.
Летовите од Србија за Косово и Метохија, се забранети со одлука на некогашната власт на Југославија уште од 6 мај 1999 година.
Со таа одлука е прецизирано дека се забранети сите комерцијални летови за Приштина и прелети кон Косово, како и летовите за Приштина преку централниот дел на Република Србија.
„Србија не можеше ниту тогаш, ниту сега, да гарантира безбедност и сигурност на тие летови, затоа што нема никаква комуникација со тој дел од својата територија, како ни увид во воздухопловната сигурност и безбедност на надлежните служби на Косово“, се наведува во соопштението.
Наредбата од забраната за летање кон Косово, Србија подоцна ја потврди на 20 мај 2005 година и истата е објавена во интернационалната воздухоповна постапка и од таму се известени и сите меѓународни фактори“, соопштуваат од Дирекцијата.
Исклучок би можеле да бидат само хуманитарни летови, домашни или странски, се наведува во соопштението, и додава дека за одобрување на ваквите летови надлежно е Министерството за надворешни работи на Република Србија, кое ги одобрува ваквите летови и тие носат ознака „state flight“.
Во соопштението на Директоратот потсетуваат дека со таканаречената Кумановска спогодба, која претходеше со доаѓањето на меѓународните сили, воздухопловната власт на Косово беше предадена на UMNIK, а за аеродромот во Приштина тогаш задолжен беше Исланд.