Избори се ближат – избори се ближат. Партиите сериозно си ја земале работата и веќе се ,,билда,, подршката преку пријатели на популарната мрежа Фејсбук.
Оваа фотографија е од профил на наша читателка која за само еден ден добила повеќе од 20 барања за пријателство – и сите до еден биле од партии, партиски ограноци, страници за поддршка.
Како што се гледа на фотографијата ангажирани се буквално сите партии – летаат барања за пријателство и од СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, ЛДП, НАРОДНА и така натака и така натака.
Овие групи и не се така опасни барем јавно се изјаснуваат дека се партиски страници и јасно ви е со што можат да ве трујат – поопасни се оние прикриените, а партиите на големо се пуштени во акција. Прават профили и групи за да набилдаат ,,лајкови и френдови,, за кога ќе дојде денот ,,д,, односно предизборната кампања да може да имаат поголема публика за да не трујат со политика.
Ете оваа фотографија е доказ – изборите уште не почнати – ПОЧНАА!!!