Царскиот рез е поопасен од што мислиме


Иако многумина сметаат  дека царскиот рез е безопасна и рутинска операција, овој процес може да биде опасен и опоравувањето да трае многу долго.

Стручните лица сметаат дека царски рез би требало да се врши само во исклучителни ситуации поради висок ризик од инфекции.

Студиите покажале дека кај 10 отсто жени кои биле породени со царски рез се јавуваат силни инфекции, и поради тоа мајките не можат првите неколку денови да се грижат за новороденчињата.

Лекарите предупредуваат дека царскиот рез не треба да се сфати како помодарство, како што е прифатено во многу земји. Многу жени дури си бираат кога да се породат, а на тоа мора да се стави крај.

„Се смета дека царскиот рез е сосема безопасен, но се работи за исклучително тешка операција. Влијае на општото здарвје на мајката и детето и може да и наштети на следната бременост“, децидни стручњаците за породување.

Tags: , , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1