Сиболот кој на прва на многумина им личеше на Лиза и Барт Симпсон сега веќе доби нова димензија односно наместо 2012 пишува „зајон“ или „зијонизам“
Со отворањето на Олимписките игри во Лондон, на големо почна да се зборува за поврзаноста на масоните во оваа манифестација. Сиболот кој на прва на многумина им личеше на Лиза и Барт Симпсон сега веќе доби нова димензија односно наместо 2012 пишува „зајон“ или „зијонизам“ кој според истражувачите значи еврејско политичко движење кое започнало 1897 година, а се почесто се поврзува со масонството како едно од најмоќните прикриени движења во светот.
Бахарм Афшарзадех, Генерален секретар на Иранскиот олимписки комитет (кој поднесе официјална жалба за логото на овие игри), изјавил дека логото со зборот „зион“ е сосема ирелевантен симбол за она што е треба да се истакне на Олимписките игри. Според Афшарзадех, т.н. дизајн на ова лого докажува дека игрите се директно поврзани со одредени познати ционистички организации и масонството.
Доколку започнеме да ги анализираме ваквите организации којзнае кај би ни бил крајот, но ќе почнеме со лозата на илуминатите кои од 1776 година е под раководствтво на семејствотот Ротшилд кое иницираше мастер план за светот доминација и финансиска контрола.
Со благослов на британското кралско семејство дозволен беше мастер план за доминација на светот и финансиска контрола, а од средината на 20 век, се инфилтрираа во трите најмоќни бази во светот- религијата (Ватикан), војската (Вашингтон) и финансиите (Лондон).
Покрај розевото лого најлош прием кај луѓето имаат и Олимписките маскоти.
Тие имаат по едно око што е еден од симболите на масонството, а нивните имиња Венлок и Мендвил на повеќето им звучат како имиња за хорор филм.
Сепак доколку не веруваме на масонството и неговото влијание на Олимписките игри тогаш треба да се одговори на најчесто поставуваното прашање на Британците – зошто тие двајца имаат само по едно око?
Покрај логото и маскотите, спорни се и триаголниците на стадионот кои потсетуваат на пирамидите кои се во тесна врска со масонството и според некои луѓе тие претставуваат божја форма.