На небото над американската држава Илинојс забележан е нов светски рекорд. 138 падобранци од целиот свет скокнаа од авион за да го соборат рекордот во групен слободен скок.
Падобранците скокот го изведоа од шест авиони, на висина од 5.600 метри, по што се поврзаа и направија формација во вид на снегулка.
Иако нивниот подвиг делува многу едноставен на снимката, на падобранците им биле потребни три дена и 15 обиди со цел успешно да го реализираат при слободен пад од 355 километри на час.
Претходниот рекорд го држеше група од 108 падобранци.









