Сопственик на „Ферари“ вредно 257 илјади долари, добил казна од полицаец поради непрописно паркирање по што се налутил и наместо да почека да ја земе казната, возачот влегол во автомобилот и тргнал при што му го прегазил стапалото на полицаецот.
Кога дошол на местото и кога видел дека полицаецот му пишува казна не сакал ни да го сослуша. Полицаецот се обидел да го спречи да замине, меѓутоа настрадал.
Возачот покасно бил уапсен, а неговата девојка Стефани Прат MTV ѕвезда од реалното шоу „The Hills“ влегла во автомобилот и си заминала.









