На најтоплиот ден во годината, огнена стихија повторно зафати повеќе подрачја во земјава. Денеска беше регистриран пожар во близина на Скопје, кај Брест и Стенковец.
Под контрола е ставен пожарот кои вчера избувна во кочанско Ново Село кога се запали нискостеблеста шума. Исто така локализирани и изгаснати се пожарите во боровата шума кај Крива Паланка, во месноста Казан Дол кај Гевгелија и во струшкото село Октиси.
Македонија како и денеска и утре ќе биде под влијание на портокалова фаза со температури повисоки од 40 степени.Од Министерството за труд и социјална политика денеска алармираа да престанат сите работи на отворено помеѓу 11 и 17 часот.