Македонија повторно гори


На најтоплиот ден во годината, огнена стихија повторно зафати повеќе подрачја во земјава. Денеска беше регистриран пожар во близина на Скопје, кај Брест и Стенковец.

Под контрола е ставен пожарот кои вчера избувна во кочанско Ново Село кога се запали нискостеблеста шума. Исто така локализирани и изгаснати се пожарите во боровата шума кај Крива Паланка, во месноста Казан Дол кај Гевгелија и во струшкото село Октиси.

Македонија како и денеска и утре ќе биде под влијание на портокалова  фаза  со температури повисоки од 40 степени.Од Министерството за труд и социјална политика денеска алармираа да престанат сите работи на отворено помеѓу 11 и 17 часот.

Share Button

Tags: ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1