Женското бебенце кое денеска беше пронајдено оставено на хауба на автомобил на улицата „Никола Вапцаров“ пред Министерството за финансии е згрижено на Детската клиника во Скопје.
Како што изјавија од Детската клиника на телото на бебето откриени се повреди кои предизвикале сомнеж кај лекарите дека можеби се работи за злоставување.
Бебето оставено на хауба било злоставувано!
Откако случаен минувач го пријавил случајот со бебето кое било оставено на хауба на автомобил пред Министерството за финансии, тоа било веднаш згрижено и префрлено во болница.
Од МВР тврдат дека се работи на откривање на идентитетот на бебето и на сторителот односно се работи на целосно расчистување на случајот.