Колку лажат рестораните, страв да те фати!


Анонимни конобари во Америка каде да потсетиме ( клиентот е секогаш во право ) проговорија за тоа со какви лаги ги хранат гостите.

Популарната поволна дневна понуда – убава храна за малку пари, е па тоа да ти биле остатоци од храна од претходните денови.
Од лагите не се поштедени ниту вегетаријанците, нивното „вегетаријанско“ јадење честопати е во контакт со месо или пак со риба.

Доколку барате кафе без кофеин, купете си од продавница затоа што според келнерите во голем број ресторани, нема такво кафе, бидеќи е поскапо за набавување. Се разбира ниту еден ресторан нема да ја одбие вашата желба, ќе добиете кафе но со кофеин и тоа по цена на бескофеинско. Немасно млеко? Заборавете помирете се со фактот, ќе си пиете полномасно.

И хигиената не била баш силна страна на ресторанските услуги. Парчето лимон што така убаво изгледа во вашиот сок или пак коктел, погодете што – измиено е само еднаш (во вашата пијачка). Којзнае низ колку раце минува овошјето до крајниот потрошувач.

Рибата речиси никогаш не е свежа, додаваат келнерите. Рестораните ја набавуваат еднаш или два пати неделно, па како тогаш секогаш велат дека е свежа?
Не рекле старите „џабе“ дома си е дома. Но ова е цената што ја плаќаме влезени во модерниот „филм“.

Tags: , , , , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1