Иако паровите во кревет често се борат со хрчењето, читање на книги до доцна во ноќта , повлекување на прекривачот, американските научници заклучиле дека од спиењето во пар има повеќе корист отколку штета.
Делењето на креветот е добро за здравјето, особено за психата кај луѓето.
Заедничкиот сон ни дава чувство на сигурност и мажите и жените ги ослободува од стресот, а ја зголемува и блискоста меѓу нив.
Кога спиеме со некој, се намалуваат хормоните на стресот, а се зголемува лачењето на хормонот за љубов што ги зближува паровите и ги ослободува од стресот, велат научниците.
Тие откриле дека ако со некој го делите креветот е поздраво зошто хормонот на стрес предизвика болест на срцето, депресија и некои автоимуни болести.
Кога истражувачите ги анкетирале испитаниците како спиеле претходната ноќ, мажите кои спиеле со партнерката во ист кревет изјавиле дека спиеле многу убаво.
Истражувањата покажале и дека жените кои спијат покрај мажите често се будат во текот на ноќта.