Изгледа дека Грција прави се што е во нејзина моќ да не доаѓаат туристи од Македонија. “Не ме изненадува Грците да почнат да им лепат на чело на нашите граѓани по една таква налепница“, рече Груевски.
Сепак Груевски вели одлуката дали ќе патуваат во Грција и дали им пречи налепницата или не, е одлука на секој граѓанин одделно. Секој ќе си постапи според своите мерила и достоинството, рече Груевски.