Archive by Author

Следете во живо: Прес конференција на Христијан Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и на претседателскиот кандидат Гордана Сиљановска Давкова  на прес конференција ќе и се обрати на јавноста по завршувањето на првиот круг на претседателските избори. Неговото обраќање може да го следните во живо на линкот подолу:  

______________________________________________________________________________________________________

Се намалува предноста на Пендаровски пред Силјановска

Помалку од 1 отсто е водството на кандидатот Стево Пендаровски пред Гордана Силјановска Давкова со пребројани 648.669 гласови или околу 80 отсто. Според последните бројки, Пендаровски има 42,58% или 276.224 гласови, а Силјановска 42,18 отсто или 273.617 гласови.

______________________________________________________________________________________________________

Села: Премиерот вети дека ако изгуби и со еден глас, ќе распише предвремени избори

Блерим Река и Зијадин Села на вечерашната конференција за медиумите рекоа дека очекуваат распишување предвремени парламентарни избори. Изборите беа фер и демократски, но излезноста на гласачите беше мала, изјави Блерим Река, кандидатот за претседателските избори на Алијансата за Албанците и Беса. Тој рече дека ако освои повеќе гласови од ДУИ ќе се активира во политиката. […]

______________________________________________________________________________________________________

Пендаровски во Битола води со 20 гласа пред Сиљановска – Давкова

Според податоците од Државната изборна комисија кандидатот за претседател Стево Пендаровски е во благо водство пред Гордана Сиљановска Давкова на над 69 проценти од преброени гласови. Според податоците на страницата на Државната изборна комисија , Пендаровски води со 42,63 проценти од гласовите , Гордана Сиљановска Давкова има 41,38 проценти , а Блерим Река 11,78 проценти […]

______________________________________________________________________________________________________

Обработени 83,1 отсто од гласовите – погледнете кој кандидат е во водство според ВМРО-ДПМНЕ

Кандидатот за претседател на државата поддржан од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова е во водство пред кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски и кандидатот на БЕСА и Алијанса на Албанците Блерим Река, од досега пребројаните гласови кои ги објави ВМРО-ДПМНЕ. Силјановска според 83,1 отсто од пребројаните гласови води со освоени 298.410 гласа, Силјановски има 292.164 гласа, а […]

______________________________________________________________________________________________________

Кирацовски : Пендаровски е во водство , очекувана победа во првиот круг

Генералниот секретар на СДСМ , Александар Кирацовски рече дека на над 50 проценти од гласовите победи заедничкиот кандидат Стево Пендаровски. Кирацовски рече дека очекувано Пендаровски победил во првиот круг , а сигурно е дека тој ќе победи и во вториот круг. Кирацовски рече дека не се ова локални избори , како што смета ВМРО – […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО-ДПМНЕ: Силјановска е во водство – ова се резултатите од 52,1% обработени гласови

Според информација на ВМРО-ДПМНЕ обработени се 53,1% од гласовите и засега Силјановска е во водство. Таа има 188.016 гласови, Пендаровски има 186.340. а додека Река засега има 42.076 гласа.

______________________________________________________________________________________________________

ДИК – од обработени 47,84% – тесна трка

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО ДПМНЕ: Од 43% обработени резултати Силјановска Давкова води пред Пендаровски

Според информациите кои ни пристигнуваат од штабот на ВМРО-ДПМНЕ од 43% обработени резултати Силјановска Давкова има освоено 151.444, Стево Пендаровски 150.669 и Блерим Река 36.511. Правдата доаѓа, готови се. ВМРО-ДПМНЕ победува, народот победува. Силјановска е изборот на народот. Гордана ќе биде! Првадата доаѓа. ВМРО ја победува власта. Водиме против кандидатот поддржан од СДСМ, ДУИ, ДПА, […]

______________________________________________________________________________________________________

Силјановска води во околу 40 општини, Пендаровски во околу 20 општини

Кандидатката Гордана Силјановска Давкова води во околу 40 општини, а Стево Пендаровски во околу 20 општини, според првичната мапа на Државната изборна комисија. Кандидатот Блерим Река води во 10 општини. Ова се првични резултати на ДИК од пребројани 150.288 гласови. Според бројот на гласовите, пак Пендаровски е во благо водство пред Силјановска. Погледнете ја мапата. […]

______________________________________________________________________________________________________

Шестгодишно дете остана без татко – детали за полицаецот кој беше прегазен во Куманово

Патничко моторно возило управувано од осомничениот, жител на Куманово кој бил видно под дејство на алкохол, удрило во двајца полициски службеници. Од тежината на повредите на лице место еден од полициските службеници починал. Возачот потоа продолжувајќи со управувањето со возилото удрил во друго патничко моторно возило во кое биле три лица и на сите им […]

______________________________________________________________________________________________________

ДИК: ПЕНДАРОВСКИ 41,77, СИЛЈАНОВСКА 38,69 И РЕКА 15,65

Според првичните резултати објавени на веб страницата на ДИК од обработени 16,88 отсто од гласовите, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 41,77 проценти, втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 38,69 а трет е кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река со 15,65 отсто. […]

______________________________________________________________________________________________________

„Излезноста е мала затоа што една четвртина од земјата е иселена“

Иако денешниот изборен ден помина во мирна атмосфера, сепак голем проблем за земјава претставува малата излезност на гласачите. Како што соопшти Државната изборна комисија, до 18 часот одѕивот од гласањето е скромни 38,2% и станува збор еден од најмалите одѕиви во историјата на нашата земја. По затворањето на избирачките места ширум државава, од штабот на […]

______________________________________________________________________________________________________

Силјановска: Кампањата се обидов да ја обојам женски, со знаење, со посветеност

Професорката Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на Република Македонија, денес го оствари своето право на глас. По гласањето таа даде изјава за медиумите во која говореше за очекувањата од изборите и за текот на кампањата. -Ова се посебни избори, не затоа што јас сум кандидатка и не затоа што за првпат жена има шанса […]

______________________________________________________________________________________________________

Пендаровски: Мојата задача е од денес натаму, во иднина, да направам подобар живот за граѓаните

Кандидатот за претседател на државата од СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски по гласањето денеска изјави дека очекува мирен изборен ден, а на крајот убедлива предност. – Очекувам мирен и спокоен изборен ден, впрочем како што и доликува на една европска и демократска држава. Очекувам висока излезност, затоа што граѓаните знаат дека не станува збор за […]

______________________________________________________________________________________________________

Партиските лидери со очекувања од идниот претседател

Лидерите на СДСМ , Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски и на ДУИ Али Ахмети со пораки на денешниотизборен ден и очекувања да биде избран претседател во фер и демократска атмосфера. Лидерите на политичките партии со очекувањат да се спроведат изборите како што доликува на европска земја , која треба да го покаже својот […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Први официјални резултати од изборите

Според досега обработени 1,94 отсто од гласовите, кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски е во благо водство, со 4.867 гласа. По него е Гордана Силјановска, со 4.018 гласови. а со најмалку гласови засега е Блерим Река со 2.324 гласови.

______________________________________________________________________________________________________

Крвав католички Велигден: 207 лица загинаа, а над 450 повредени во бомбашкиот масакр во Шри Ланка

Министерството за надворешни работи на Шри Ланка соопшти дека е потврдена националноста на 11 жртви во денешните терористички напади, а девет странци се водат за исчезнати. Меѓу жртвите три се од Индија, еден од Португалија, две жртви се од Турција, три од Велика Британија и двајца со двојно државјанство на САД и Велика Британија. Меѓу […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1