21/04/2019 20:26
•
Posted by: MK News
Украинскиот комичар Володимир Зеленски убедливо победи во вториот круг од изборите и ќе стане следниот претседател на државата, покажуваат резултатите од излезните анкети. Според анкетите, тој има повеќе од 70 отсто поддршка. Доминираше во првиот круг на гласање пред три недели, кога на ливчето беа 39 кандидати. Зеленски му беше противкандидат на актуелниот претседател Петро […]
______________________________________________________________________________________________________
21/04/2019 20:23
•
Posted by: MK News
Претседателот Ѓорге Иванов по денешното гласањето на претседателските избори изјави дека очекува денот да помине во најдобар ред како што и доликува на земја која е веќе три децении во демократија. Тој им посака се најдобро на кандидатите, а на победникот многу помирен и поуспешен мандат.
______________________________________________________________________________________________________
21/04/2019 20:20
•
Posted by: MK News
Во Македонија денеска се одржа првиот круг од шестите претседателски избори. Блерим Река, Гордана Силјановска Давкова или Стево Пендаровски? Резултатите може да ги следите во живо на веб-страницата на ДИК.
______________________________________________________________________________________________________
21/04/2019 20:14
•
Posted by: MK News
Одѕивот во првиот круг на Претседателските избори до 18:30 часот изнесува 39,71 отсто од обработени 91,54 проценти од избирачките места проценти или на фласање излегле околу 700 илјади граѓани, соопшти вечерва на прес-кобнференција претседателот на ДИЛ Оливер Деркоски. Најголема излезност има во Гевгелија 59,25, Кавадарци 53, Карпош 49,89 отсто,а најниска во Боговиње 17,93 отсто. Во […]
______________________________________________________________________________________________________
21/04/2019 11:31
•
Posted by: MK News
Државната изборна комисија на првата прес-конференција денеска информираше дека според добиените податоци до 10 часот гласале 80.569 граѓани, односно 6,05 отсто од избирачите. Највисока излезност има во Прилеп 11,05 отсто, Свети Николе 11,48 отсто, Пехчево 10,22 отсто, Македонски Брод 10,11. Најмала излезност има во Боговиње, 1,79 отсто, Липково 0,9 отсто, Долнени 1,85 отсто и Желино […]
______________________________________________________________________________________________________
21/04/2019 11:30
•
Posted by: MK News
На 3.480 избирачки места во Републикава и на 32 во странство на шестите претседателски и предвремените локални избори за градоначалник на Охрид, Дебар и Ново Село можат да гласаат 1.808.131 граѓани запишани во избирачкиот список, а гласањето е до 19. часот.МВР информираше дека се подготвени за фер и мирни и безбедни избори, а засега е […]
______________________________________________________________________________________________________
21/04/2019 11:28
•
Posted by: MK News
Пејачот Влатко Илиевски кој беше пронајден мртов во својот автомобил починал од огромна количина наркотични средства. Ова е дел од извештајот на судска медицина за извршената обудкција во кој е наведена причината за смртта, пишува порталот Досие. Според извештајот во крвта и организмот на Илиевски биле најдени јаки опојни дроги од кои најсилна кокаин. Но исто […]
______________________________________________________________________________________________________
21/04/2019 11:25
•
Posted by: MK News
16 годишен пациент со церебрална парализа се бори за живот на Инфективна клиника поради сериозните компликации од морбили. Се наоѓа на одделот за интензивно лекување и е на апарати за дишење. Во тешка состојба и на механичка вентилација е и 11 месечно бебе со мали сипаници хоспитализирано на Клиниката за детски болести. Во оваа здравствена […]
______________________________________________________________________________________________________
21/04/2019 11:23
•
Posted by: MK News
ЈЗУ Клиника за хематологија-Скопје изразува најдлабоко сочувство до семејството на Тоше Илиевски за огромната загуба. Го разбираме интересот на јавноста за изгубениот млад човечки живот, но истовремено апелираме до сите да ја почитуваме неизмерната тага на неговите најблиски. Единствено што во овој момент можеме да го соопштиме е дека во конкретниот случај се работеше за […]
______________________________________________________________________________________________________
21/04/2019 11:19
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев и претседателот Ѓорѓе Иванов заедно ќе го пречекаат Папата Франциск на скопскиот аеродром при неговата еднодневна посета на Македонија. Последните информации велат дека поглаварот на Римокатоличката црква ќе биде примен само во претседателската резиденција на Иванов на Водно, а таму ќе биде и премиерот Заев. Франциск треба да слета во 8:30 часот […]
______________________________________________________________________________________________________
21/04/2019 11:14
•
Posted by: MK News
Овој празник е подвижен празник. Зависи од тоа во кој ден ќе падне Велигден. Се слави секогаш во неделата пред Велигден, затоа што тоа е денот кога го доживуваме Христовото славно влегување во Ерусалим, градот во кој по неколку дена Христос ќе биде погубен. Кога Христос влегуваше во Ерусалим, луѓето го пречекуваа со извици, постилајќи […]
______________________________________________________________________________________________________
21/04/2019 11:11
•
Posted by: MK News
Денешните шести по ред претседателски избори се спроведуваат на 3.480 избирачки места во Републикава и на 32 места во странство. Според заклучениот Избирачки список на Државната изборна комисија, право на глас имаат 1.808.131 гласач во Македонија. Во изводите од избирачкиот список се запишани 1.726.795 гласачи, 77.579 избирачи се на привремена работа или престој во странство, […]
______________________________________________________________________________________________________
21/04/2019 11:10
•
Posted by: MK News
Во Република Северна Македонија денеска се одржува првиот круг од шестите претседателски избори. Во претседателската трка се кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова и Блерим Река, кој е поддржан од Алијансата на Албанците и Движењето Беса. На 3.480 избирачки места во Републикава и на 32 во странство на […]
______________________________________________________________________________________________________
21/04/2019 11:07
•
Posted by: MK News
Одделенијата на МВР за управни работи ќе работат денеска, како и на 4 и 5 мај кога треба да се одржи вториот круг од претседателските избори. Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални Одделенија за управни работи при МВР и тоа […]
______________________________________________________________________________________________________
21/04/2019 11:06
•
Posted by: MK News
Граѓанската асоцијација МОСТ денешното гласање за избор на нов претседател на државата го следи со над 1.500 набљудувачи. Претседателот на МОСТ, Дарко Алексов, посочи дека се формирани статични и мобилни тимови кои ќе го следат изборниот процес. Наведе дека, според информациите на МОСТ, сите гласачки места се отворени навремено и без проблеми. Истакна дека на […]
______________________________________________________________________________________________________
19/04/2019 16:04
•
Posted by: MK News
Три дена по пожарот што ја опустоши париската катедрала Нотр Дам, експертите изразија стравување од уривање на три главни елементи на нејзината структура. Францускиот министер за култура Франк Ристер изјави дека oстануваат три главни кревки точки во катедралата Нотр Дам, на која се работи тековно Ако се урне овој елемент од неколку тони, може да […]
______________________________________________________________________________________________________
19/04/2019 15:27
•
Posted by: MK News
На полноќ завршува дваесетдневната кампања и почнува молкот пред неделните претседателски избори и предвремените локални во општините Охрид, Дебар и Ново Село и почнува изборниот молк. Двајца од тројцата кандидати за претседател ја завршуваат изборната кампања со средби со граѓани и митинзи, додека кандидатот поддржан од Алијанса за Албанците и „Беса“, Блерим Река вчера со […]
______________________________________________________________________________________________________
19/04/2019 15:26
•
Posted by: MK News
Медицински тимови од денеска ќе вршат теренска вакцинација во основните и средните училишта. Теренската вакцинација во школите следува по прогласената епидемија на морбили во целата држава. Министерот за образование Арбер Адеми вчера изјави дека е неопходно да се преземат мерки да не се загрози јавното здравје зашто состојбата со морбилите станува аларамантна. Адеми очекува теренската […]
______________________________________________________________________________________________________