Број на обработени избирачи речиси 100% (92,04%) – разликата минимална
______________________________________________________________________________________________________
______________________________________________________________________________________________________
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и на претседателскиот кандидат Гордана Сиљановска Давкова на прес конференција ќе и се обрати на јавноста по завршувањето на првиот круг на претседателските избори. Неговото обраќање може да го следните во живо на линкот подолу:
______________________________________________________________________________________________________
Помалку од 1 отсто е водството на кандидатот Стево Пендаровски пред Гордана Силјановска Давкова со пребројани 648.669 гласови или околу 80 отсто. Според последните бројки, Пендаровски има 42,58% или 276.224 гласови, а Силјановска 42,18 отсто или 273.617 гласови.
______________________________________________________________________________________________________
Блерим Река и Зијадин Села на вечерашната конференција за медиумите рекоа дека очекуваат распишување предвремени парламентарни избори. Изборите беа фер и демократски, но излезноста на гласачите беше мала, изјави Блерим Река, кандидатот за претседателските избори на Алијансата за Албанците и Беса. Тој рече дека ако освои повеќе гласови од ДУИ ќе се активира во политиката. […]
______________________________________________________________________________________________________
Според податоците од Државната изборна комисија кандидатот за претседател Стево Пендаровски е во благо водство пред Гордана Сиљановска Давкова на над 69 проценти од преброени гласови. Според податоците на страницата на Државната изборна комисија , Пендаровски води со 42,63 проценти од гласовите , Гордана Сиљановска Давкова има 41,38 проценти , а Блерим Река 11,78 проценти […]
______________________________________________________________________________________________________
Кандидатот за претседател на државата поддржан од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова е во водство пред кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски и кандидатот на БЕСА и Алијанса на Албанците Блерим Река, од досега пребројаните гласови кои ги објави ВМРО-ДПМНЕ. Силјановска според 83,1 отсто од пребројаните гласови води со освоени 298.410 гласа, Силјановски има 292.164 гласа, а […]
______________________________________________________________________________________________________
Генералниот секретар на СДСМ , Александар Кирацовски рече дека на над 50 проценти од гласовите победи заедничкиот кандидат Стево Пендаровски. Кирацовски рече дека очекувано Пендаровски победил во првиот круг , а сигурно е дека тој ќе победи и во вториот круг. Кирацовски рече дека не се ова локални избори , како што смета ВМРО – […]
______________________________________________________________________________________________________
Според информација на ВМРО-ДПМНЕ обработени се 53,1% од гласовите и засега Силјановска е во водство. Таа има 188.016 гласови, Пендаровски има 186.340. а додека Река засега има 42.076 гласа.
______________________________________________________________________________________________________
______________________________________________________________________________________________________
Според информациите кои ни пристигнуваат од штабот на ВМРО-ДПМНЕ од 43% обработени резултати Силјановска Давкова има освоено 151.444, Стево Пендаровски 150.669 и Блерим Река 36.511. Правдата доаѓа, готови се. ВМРО-ДПМНЕ победува, народот победува. Силјановска е изборот на народот. Гордана ќе биде! Првадата доаѓа. ВМРО ја победува власта. Водиме против кандидатот поддржан од СДСМ, ДУИ, ДПА, […]
______________________________________________________________________________________________________
Кандидатката Гордана Силјановска Давкова води во околу 40 општини, а Стево Пендаровски во околу 20 општини, според првичната мапа на Државната изборна комисија. Кандидатот Блерим Река води во 10 општини. Ова се првични резултати на ДИК од пребројани 150.288 гласови. Според бројот на гласовите, пак Пендаровски е во благо водство пред Силјановска. Погледнете ја мапата. […]
______________________________________________________________________________________________________
Патничко моторно возило управувано од осомничениот, жител на Куманово кој бил видно под дејство на алкохол, удрило во двајца полициски службеници. Од тежината на повредите на лице место еден од полициските службеници починал. Возачот потоа продолжувајќи со управувањето со возилото удрил во друго патничко моторно возило во кое биле три лица и на сите им […]
______________________________________________________________________________________________________
Според првичните резултати објавени на веб страницата на ДИК од обработени 16,88 отсто од гласовите, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 41,77 проценти, втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 38,69 а трет е кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река со 15,65 отсто. […]
______________________________________________________________________________________________________
Иако денешниот изборен ден помина во мирна атмосфера, сепак голем проблем за земјава претставува малата излезност на гласачите. Како што соопшти Државната изборна комисија, до 18 часот одѕивот од гласањето е скромни 38,2% и станува збор еден од најмалите одѕиви во историјата на нашата земја. По затворањето на избирачките места ширум државава, од штабот на […]
______________________________________________________________________________________________________
Професорката Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на Република Македонија, денес го оствари своето право на глас. По гласањето таа даде изјава за медиумите во која говореше за очекувањата од изборите и за текот на кампањата. -Ова се посебни избори, не затоа што јас сум кандидатка и не затоа што за првпат жена има шанса […]
______________________________________________________________________________________________________
Кандидатот за претседател на државата од СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски по гласањето денеска изјави дека очекува мирен изборен ден, а на крајот убедлива предност. – Очекувам мирен и спокоен изборен ден, впрочем како што и доликува на една европска и демократска држава. Очекувам висока излезност, затоа што граѓаните знаат дека не станува збор за […]
______________________________________________________________________________________________________
Лидерите на СДСМ , Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски и на ДУИ Али Ахмети со пораки на денешниотизборен ден и очекувања да биде избран претседател во фер и демократска атмосфера. Лидерите на политичките партии со очекувањат да се спроведат изборите како што доликува на европска земја , која треба да го покаже својот […]
______________________________________________________________________________________________________
Според досега обработени 1,94 отсто од гласовите, кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски е во благо водство, со 4.867 гласа. По него е Гордана Силјановска, со 4.018 гласови. а со најмалку гласови засега е Блерим Река со 2.324 гласови.
______________________________________________________________________________________________________