Archive by Author

Во Струмица ќе се прегласува – Заев со остра реакција (Видео)

Управниот суд ја одби тужбата на СДСМ за одлуката на Државната изборна комисија за три изборни единици во Струмица по што на 7-ми април ќе има прегласување на првиот изборен круг. Заев вели дека е логично човек да се надева дека останало барем трошка од правната држава, но оваа одлука на Управниот суд, според него, […]

______________________________________________________________________________________________________

Пожар во Гостивар – изгоре 10 месечно бебенце, 16 год мајка не била дома

Десетмесечно бебе изгоре во пожар што избувна во импровизирано живеалиште во Гостивар пред поранешната депонија „Сушички мост“, на локалниот пат кон Митрови Крсти, на околу пет километри од градот. Трагедијата се случи утрово околу 9 часот во објектот од осум квадратни метри, изграден од шест дрвени столба, заграден со картонски кутии, а покриено со најлон. Според […]

______________________________________________________________________________________________________

Штип завиен во црно: Последно збогум за Бојан, Стефан и Јани

„Го молам небото да ми те врати“ – одекна од стотици млади грла познатата песна на Тоше Проевски со која гимназијалците од Штип ги испратија Јани, Стефан и Бојан во вечноста. Веднаш потоа се слушна силен аплауз од сите присутни. Родителите и роднините на настраданите кои денеска беа на комеморацијата во дворот на гимназијата „Славчо Стојменски“ […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Кичево преку ноќ стана двојазично

Вчера пред влезот на општинската зграда во Кичево беше поставен новиот натпис, на кој, освен на македонски, за првпат е напишано и на албански – „Komuna e Kërçovës“. Фатмир Дехари, во предизборната кампања изјавуваше: „Во Кичево албанскиот јазик ќе биде официјален јазик, ќе се инсталира администрација што ќе зборува и албански, и ќе владееме со […]

______________________________________________________________________________________________________

Видео: Дете ја донираше долгата коса за децата болни од рак

Малиот Илајџа Едни собра повеќе од 1.200 евра средства кои се наменети за да се направи перика од неговата коса. Неговата мајка Ембер (27) дозволила тој да ја пушта косата, бидејќи му се допаѓала, но луѓето често мислеле дека е девојче. Меѓутоа, тој се согласил да им помогне на неговите врсници кои се заболени од рак, […]

______________________________________________________________________________________________________

Шекспир ги искористувал сиромашните – се богател на нивен грб

Најновото истражување на универзитетот во Абертсвит покажа дека Вилијам Шекспир бил бескрупулозен земјопоседник и деловен човек, кој се збогатил во време кога во земјата владеел глад и понекогаш го прекршувал законот. Академиците од универзитетот во Велс ги проучиле историските архиви во потрага по детали за животот на овој автор на познати драми и утврдиле дека тој во […]

______________________________________________________________________________________________________

Умре белецот од Кју Клукс Клан кој јавно му се извини на црнец (Видео)

Елвин Вилсон, поранешен член на ККК ( Кју Клукс Клан) кој се извини за неговото расистичко минато и посебно за претепување на црнец кој стана конгресмен на САД, почина на 76-годишна возраст. Тој привлече внимание кога јавно му се извини на пратеникот во Претставничкиот дом од Џорџија, Џон Луис за претепување. Имено тој пред повеќе од […]

______________________________________________________________________________________________________

Откриени пирамиди за обични смртници

Група француски археолози во Судан, во текот на изминатите неколку години откопаа 35 пирамиди стари 2.000 години, што по својот изглед се поскромни од оние во Египет. Пирамидите се изградени кон крајот на постоењето на богатото кралство Мерое, меѓу 100 и 200 година пред Христос. Ги откриле Клод Рили и членовите на неговиот тим во местото Седеинги. Некрополата со околу 1.000 гробници се простира на […]

______________________________________________________________________________________________________

Австралиско гратче одлучно му кажа НЕ на Мекдоналдс

Австралискиот град Текома со околу 2.000 жители источно од Мелбурн, веќе две години кажува – „не“ на познатиот американски синџир на брза храна Мекдоналдс. Во одбрана на градот тие користат ненасилни методи: улични протести, онлајн петиции, мобилизација преку социјални мрежи, а лани седиштето на Мекдоналдс во Австралија доживеа инвазија од џуџиња за во градини. Бројни се причините […]

______________________________________________________________________________________________________

Човекот кој ја држеше в раце руската душа

Пред 140 години се родил Сергеј Рахманинов – генијален композитор и пијанист, кој стана олицетворение на руската музика. Името на Рахманинов одамна стана бренд, неговата музика не им дава спокојство ниту на учениците од музичките школи кои се потат, нити на алчните пијанисти кои концертираат, триејќи ги рацете, гледајќи како расте сумата на нивните банкарски […]

______________________________________________________________________________________________________

Нема јадење лук на јавно место – руски пратеник со предлог закон

Рускиот пратеник Сергеј Иванов денеска во Државната дума поднесе предлог закон за забрана на употреба на лукот на јавни места, пренесоа руските агенции. Според него мерката е насочена кон заштита на основни права на човекот, како правото на здравствена заштита и правото на пристојна животна средина. Тој ја објасни потребата од прифаќање на законот со […]

______________________________________________________________________________________________________

Сакате на печалба на брод? Еве кои се платите и како се аплицира

Работа на прекуокеанските бродови, се почеста дестинација за печалба на македонците. Се бараат собарици, конобари, чистачки, вработени во бар, продавачки во продавници за подароци, фотографи, итн. На интернет ги пронајдовме следните податоци за овој вид печалба преку компанија во Македонија. Oва не е единствената компанија – само во Скопје има неколку кои посредуваат, а според […]

______________________________________________________________________________________________________

Mилиони се изнесуваат во куферчиња од Кипар – зајакната контролата на границата

Кипарската полиција ја засили контролата на своите граници за да го спречи изнесувањето поголеми суми пари над утвредените количества. Граничарите ги проверуваат коферите и личните предмети на лицата кои ја напуштаат островската држава, соопшти британскиот весник „Фајненшел тајмс“. Според информации на весникот, најмалку три лица биле задржани при обид да изнесат од земјата повеќе од одобрените […]

______________________________________________________________________________________________________

Плажата на Вардар била ,,фраерско,, место – а сме имале и нудисти (Фото)

Местата на реката каде што граѓаните можеле да се капат биле одредени со наредба од управата на градот. Капењето било дозволено на просторот од мелницата на Јусуф Морина до електричната централа и водоводот на десната страна, а од мелницата на Јусуф Морина до Железничкиот мост капењето било забрането. На одредени места можеле да се капат […]

______________________________________________________________________________________________________

Името се решава на 8 и 9 април во Њујорк? – Нимиц закажа нова средба

Ден по изборите,на 8 и 9 април ќе се случи нова средба на преговарачите Јолевски и Василакис, кои треба да дојдат до конкретна завршница на долгогодишниот спор за името. Метју Нимиц, посредникот на ОН во спорот со името ги поканил преговарачите на Македонија и на Грција Зоран Јолевски и Адамнтиос Ваилкис на преговори во Њујорк […]

______________________________________________________________________________________________________

Тага и тишина: Штип во солзи за трите загинати момчиња

Прекрасни деца, животот беше пред нив, велат штипјани за Јани Димитриев (18), Стефан Николов (22) и Бојан Бочварски (25) Tриесет минути пред полноќ, одеднаш, како по некоја команда, престана да свири музиката во сите штипски кафулиња. Вработените им се се обратиле на младите посетители со жалната вест дека три момчиња од Штип загинале во тешка […]

______________________________________________________________________________________________________

Докази за сообраќајката на Младенов оставени расфрлани на местото – ги нашле новинари

Како што веќе беше објавено, во саботата, новинарската екипа на „Нова Македонија“, била на местото на сообраќајната несреќа и пронашла четири фискални сметки од патарини, од кои се заклучува дека „мерцедесот“ на Младенов двапати едноподруго се движел од Скопје до Велес кобната вечер, при што, вториот круг траел 25 минути повеќе од првиот, и дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Во новата истрага за смртта на Трајковски ќе се прави симулација на летот

Новата истрага за смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски ќе трае од шест до 12 месеци при што, меѓу другото, ќе се прави и симулација на летот со ист вид на авион. Ова, во интервјуто за босанскиот „Дневен аваз“ го најавил македонскиот министер за одбрана Талат Џафери кој, како што претходно беше пренесено, изразил уверување […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1