12/02/2019 12:27
•
Posted by: MK News
Променливо облачно време, со ветер што наместа ќе достигнува 80 километри на час, со локален слаб снег ќе има и утре во земјава. Преодно стабилизирање ќе има во четврток, а во петок повторно ќе има слаби локални врнежи од снег. За викендот ќе преовладува претежно сончево и потполно време. Умерен до засилен ветер од северозападен […]
______________________________________________________________________________________________________
11/02/2019 16:09
•
Posted by: MK News
Седум новозаболени со морбили вчера се јавиле на преглед на Клиниката за инфективни болести, информираа од таа јавна здравствена установа. Од нив три се задржани на лекување на Клиниката и тоа една 32-годишна пациентка од Сарај, едно дете на возраст од една и пол година од Кисела Вода и уште едно дете на возраст од […]
______________________________________________________________________________________________________
11/02/2019 14:57
•
Posted by: MK News
Поранешниот амбасадор на Македонија Ѓорѓи Филипов во Берлин и Виена денеска ќе се пријави на отворениот повик на СДСМ за избор на претседателски кандидат. Филипов ја сподели информацијата со допис о медиумите, а во текот на денот ќе одржи и прес-конференција по повод неговата номинација. Пријавувањето на поранешниот амбасадор е прва кандидатура поднесена во СДСМ, […]
______________________________________________________________________________________________________
11/02/2019 14:42
•
Posted by: MK News
По добивањето на Вербалната нота со која Атина денеска ќе го информира Скопје дека се ратификувани Договорот од Преспа и Протоколот за членство во НАТО, и исполнувањето на сите правни услови за влегување во сила на конечната спогодба и уставните амандмани, почнува примената на новото име Република Северна Македонија. Во меѓувреме, почнаа и практичните подготовки […]
______________________________________________________________________________________________________
11/02/2019 14:38
•
Posted by: MK News
Порталот „24 Инфо“ објави фотографија од таблата со новото уставно име, која веќе е на граничниот премин Богородица, но се уште не е поставена. Таблата според Преспанскиот договор треба да биде замена за старата на граничниот премин Богородица на македонско-грчката граница. Промената на името прво ќе почне на граничните премини, а потоа и на институциите […]
______________________________________________________________________________________________________
11/02/2019 14:22
•
Posted by: MK News
Пожар избувнал рано утрово во затворот во Идризово. Како што соопштија од Противпожарната бригата-Скопје, пожарот бил пријавен околу 4 часот, а изгорела кровна конструкција. Интервенирано било со едно возило и четворица пожарникари. Причинета е штета од околу 15 000 денари, а пожарот бил ставен под контрола за еден час, соопштија од противпожарната бригада.
______________________________________________________________________________________________________
11/02/2019 14:19
•
Posted by: MK News
13-месечно бебе од тетовско почина на Детската клиника. Ова е третото дете жртва на морбилите. Состојбата станува алармантна. Министерството за здравство соопшти дека синоќа на Клиниката за детски болести починало 13-месечно дете од тетовскиот регион од компликации предизвикани од морбили (мали сипаници), кое претходно не било вакцинирано. Министерството за здравство во соопштението изразува жалење за […]
______________________________________________________________________________________________________
10/02/2019 14:59
•
Posted by: MK News
Шестгодишно дете е обезглавено пред очите на својата мајка во Саудиска Арабија затоа што припаѓал на „погрешната“ гранка на исламот, пренесува „Мирор“. Детето наводно е убиено во светиот град Медина, во текот на посетата на храмот на пророкот Мухамед, пренесува Аваз. Детето Закариа Ал-Џабер и неговата мајка го посетиле храмот на пророкот Мухамед во Медина, […]
______________________________________________________________________________________________________
10/02/2019 14:54
•
Posted by: MK News
На 09.02.2019 година во 20:40 часот во СВР-Скопје, од КПУ „Идризово“ било пријавено дека на осуденикот А.Л. (38), додека бил во ќелијата му се слошило и со возило на КПУ-Идризово е пренесен во Комплексот клиника “Мајка Тереза“. Таму од страна на лекар била констатирана смрт. Известен е јавен обвинител, а телото е дадено на обдукција. […]
______________________________________________________________________________________________________
10/02/2019 14:53
•
Posted by: MK News
Министертвото за здравство ја известува јавноста дека вчера (9 февруари 2019) во попладневните часови почина уште едно дете од компликации предизвикани од морбили (мали сипаници) на Клиниката за детски болести во Скопје. Станува збор за 13 месечно дете од Свети Николе, кое и предходно имало други здравствени проблеми. Ова е второ дете кое почина од […]
______________________________________________________________________________________________________
09/02/2019 16:27
•
Posted by: MK News
Нови шокантни фотографии од српската водителка на која автобус и ја откина раката. Деа во моментот кога ја носат на носилки. Марија Димитријевиќ е девојката која меѓу првите притрчала да ѝ помогне на српската водителка Деа Ѓурѓевиќ, која доживеа тешка сообраќајна несреќа, кога автобус удри во неа и ѝ ја откина раката. Марија е здравствен […]
______________________________________________________________________________________________________
09/02/2019 16:22
•
Posted by: MK News
Во 12,45 часот на Граничниот премин “Меѓународен Аеродром-Скопје“ од Стокхлом-Шведска допатувала 47-годишната A.B.P.E. од Глоговац-Косово, а со место на живеење во Шведска. По извршената пасошка контрола и проверка дозволен и бил влез во Македонија, но во 13,15 часот од страна на вработен во безбедност на ТАВ, било пријавено дека таа сака да пријави настан на […]
______________________________________________________________________________________________________
09/02/2019 15:35
•
Posted by: MK News
СДСМ продолжува со системско уништување на културата во Република Македонија. Ако мината година Годишната програма на Министерството за култура беше скандалозна, тогаш овогодинашната програма е трагична. Станува збор за општ грабеж на народните пари. Криминалната и одредена власт, предводена од аболицираниот Заев, уште еднаш покажа дека не бира ниту метод, ниту начин како да стигне […]
______________________________________________________________________________________________________
09/02/2019 15:30
•
Posted by: MK News
Додека ни снемува чист воздух, донесувачите на одлуки и годинава не испорачаа соодветен буџет и сеопфатна стратегија за горливиот проблем со загадувањето. Во моментот Македонија е четврта земја во светот, а втора во Европа, по заболување од канцер на белите дробови, велат од „Канцерогено општество” кои денеска потворно протестираат за чист воздух. Тие истакнуваат дека […]
______________________________________________________________________________________________________
09/02/2019 15:28
•
Posted by: MK News
Во Босна и Херцеговина починаа 40 лица од здравствени компликации настанати од грип, од кои 37 на подрачјето на Република Српска. Како што соопштија здравствените власти во Република Српска, уште четири пациенти починале од последици на тешки акутни респираторни инфекции, со што билансот на смртни случаи се зголеми на 37. Новите случаи со смртни последици […]
______________________________________________________________________________________________________
09/02/2019 15:26
•
Posted by: MK News
Правилникот од Министерството за финансии за доставување на податоци од банките до Управата за јавни приходи за парите, вклучувајќи ги и девизите, кои поединците ги добиваат од земјата и од странство стапи на сила. Со тоа УЈП преку обрасците што ќе ги добива директно од банките ќе ги следи сметките на сите физички лица што […]
______________________________________________________________________________________________________
09/02/2019 15:23
•
Posted by: MK News
Само фирмите од Тетово, кои претежно аплицирале за организации на концерти и фестивали на годинешниот конкурс, за кој премиерот Зоран Заев рече дека ќе биде поништен, имаат добиено конкурси од над 8 милиони денари или 133 илјади евра. Со тоа фирмите од Скопје и Тетово се на врвот на листата по добиени најмногу проекти од […]
______________________________________________________________________________________________________
09/02/2019 15:19
•
Posted by: MK News
Исто како и за Договорот од Преспа со 153 гласа “За” грчкиот парламент го ратификуваше протоколот за членството на нашата земја во НАТО. Со ова стапува на сила преспанскиот договор. Протоколот беше усвоен со гласовите на пратениците на владејачката Сириза, коалициските партнери и неколку независни пратеници. Расправата во парламентот траеше 11 часа, а вечерва заврши […]
______________________________________________________________________________________________________