Archive by Author

Османи: Законот за јазиците „е неповратен процес“ – ВМРО ДПМНЕ да го прифатат тоа

Законот за јазиците „е неповратен процес“, порача денеска вицепремиерот Бујар Османи. Ги повика ВМРО ДПМНЕ да го прифатат тоа и да се вклучат во процесот на имплеметирање на законот. Најсериозно ги повикувам да бидат дел од работните групи за имплементирање на Законот, рече Османи. Владата во моментов размислува до Венецијанската комисија да испрати за оценка […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО-ДПМНЕ го оспори пред Уставен суд Законот за употреба на јазиците

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе ја оспорува и содржината и процедурата во која е донесен законот за употреба на јазиците. Партијата на Христијан Мицкоски денеска поднесе инцијатива за проверка на уставноста на овој закон. Најголем проблем за нив е тоа што со законот се воведува втор официјален зкаон во државата, со што се губи значењето на македонскиот […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Десетина имиња се разгледуваат како можни претседателски кандидати

Десетина имиња се разгледуваат во редовите на СДСМ како можни кандидати за иден претседател, меѓу нив има Македонци, Албанци, Турци, Срби, се со цел да се пронајде личност која ќе биде најприфатливо и максимално консензуално решение, колку што е можно тоа да се направи за да се опфатат сите, истакна премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи […]

______________________________________________________________________________________________________

Хакирани над 770 милиони мејлови

Над 770 милиони мејл адреси и лозинки се постирани на популарен интернет форум за хакери, објави угледниот „Гардијан“. Настанот се случил кон средината на декември, а според овие информации практично секој трета имејл адреса во светот е хакирана. Компјутерските експерти апелираат сите оние кои користат електронска пошта да проверат дали можеби и нивната адреса е […]

______________________________________________________________________________________________________

Шарлиз Терон и Бред Пит нов љубовен пар во Холивуд?!

Холивудските актери, убавата Шарлиз Терон и големиот заводник Бред Пит околу еден месец се заедно. Според дел од медиумите иако се кратко во врска тие веќе се неразделни и важат за најубавиот и најатрактивниот пар во Холивуд. -Еден период биле многу блиски пријатели за потоа меѓу нив да се развие нешто многу повеќе од тоа […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива до Уставниот суд за Законот за јазици

ВМРО-ДПМНЕ денес поднесува иницијатива до Уставниот суд за оцена на уставноста на Законот за двојазичност, кој беше донесен на насилнички начин од страна на власта, со газење на Уставот, законите и процедурите за донесување и објавување на законите. Указот за прогласување на законот за двојазичност е објавен само со потпис на Талат Џафери и без […]

______________________________________________________________________________________________________

Русија покренува постапка против Фејсбук и Твитер

Руската агенција за надзор на комуникациите ,,Роскомнадзор” соопшти денеска дека поведе постапка против Фејсбук и Твитер. ,,Роскомнадзор” ја покренува постапката затоа што од Фејсбук и од Твитер не објасниле како намераваат да се прилагодат кон законот за податоци , јавува агенцијата Интерфакс. Од агенцијата бараат сите сервери за собирање податоци од Руси да бидат лчоцирани […]

______________________________________________________________________________________________________

Боки 13: Каков рекет, какви 50.000 евра, немојте тоа да го земате за сериозно

Сопственикот на 1ТВ, Бојан Јовановски, во изјава за „Слободен печат“ ги отфрла обвинувањата на бизнисменот Зоран Азманов дека му побарал рекет од 50.000 евра. – Каков рекет, какви 50.000 евра, немојте тоа да го земате за сериозно. Со бизнисменот зборував двапати, тој бараше да се видиме, да се договориме, јас му реков дека нема простор – вели […]

______________________________________________________________________________________________________

Груевски ја повлече тужбата за клевета за Заев со која првично бараше половина милион евра

Утре нема да се одржи судско рочиште за тужбата за клевета и навреда од Никола Груевски против премиерот Зоран Заев, потврдија од судот за „Макфакс“. Причина е тоа што Груевски преку адвокат во меѓувреме ја повлекол тужбата против Заев за неговата изјава за случајот случајот „Македонска банка“. Од Основниот суд Скопје 2 за „Макфакс“ велат: „Тужителот […]

______________________________________________________________________________________________________

Денес и утре бесплатно скијање во Маврово

Ски центарот Маврово, денеска и утре, ќе овозможи бесплатно скијање за ученици додека не се вратат во училишните клупи. – Им излегуваме во пресрет и ги покануваме сите деца да бидат наши гости и да дишат чист воздух на планина додека да помине критичниот период. Се надеваме дека на оваа наша иницијатива ќе се приклучат […]

______________________________________________________________________________________________________

Војник вработен во АРМ, објавувал лажни вести на Фејсбук

Креаторот на лажни вести од Куманово Слаѓан „Цаго“ Бојковски, кој се споменува како централна фигура во истражување на холандскиот сервис за откривање на лажни вести „Њузчекерс“, е вработен како професионален војник во АРМ, потврдија од Генералштабот на АРМ за САКАМДАКАЖАМ.МК. „Лицето кое се споменува во написите во медиумите е вработено како професионален војник во АРМ […]

______________________________________________________________________________________________________

Видео: Груевски снимен во трговски во Унгарија

Унгарскиот портал 444.hu објави видео снимка од поранешниот македонскиот премиер, Никола Груевски, како се шета во трговскиот центар WestEndCity, лоциран во центарот на Будимпешта на популарната улица Ваци. Порталот објави дека поранешниот премиер се шетал во саботата навечер, кога трговскиот центар почнал да се празни, а продавниците да се затвораат“.

______________________________________________________________________________________________________

dogovor grcija

Во четврток вечер ратификација на Договорот од Преспа

Во среда во 10 часот по локално време започнува расправата во грчкиот Парламент за ратификација на Договорот од Преспа, а гласањето ќе биде во четврток вечер, брифираат извори од грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина. Комисијата за национална одбрана и надворешни работи во грчкиот Парламент, попладнево ќе го разгледа нацрт законот за ратификација […]

______________________________________________________________________________________________________

Веља: Немав намера да го убијам Саздовски, жал ми е

Судењето за убиството на Никола Саздовски продолжи по паузата по барањето на адвокатот на обвинетиот Бесир Беља, Насер Рауфи, кој побара прво да се изврши реконструкција на настанот, а потоа да се врши вкрстено испитување на обвинетите, што беше одбиено од Судечкиот совет, објави 24 Инфо. Прв сведочеше Беља, кој диреткно беше испитан од адвокатот, […]

______________________________________________________________________________________________________

Азманов: Ми дојде Боки 13 и ми побара 50.000 евра рекет за да немам никакви проблеми

По повод најавената ТВ-емисија „Инсајдер“ што ќе се емитува на 1 ТВ, на која се споменува името на Зоран Азманов, претседател на надзорниот одбор на Настел ДООЕЛ, тој денеска на прес конференција кажа дека против сопственикот на телевизијата Бојан Јовановски, поднел кривична пријава за изнуда и за изнесување невистини, пренесува Прес24 Азманов на средбата со […]

______________________________________________________________________________________________________

Свети Сава, 27 јануари, неработен за припадниците на српската заедница

Свети Сава, 27 јануари (недела), е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството на граѓаните припадници на српската заедница во Република Македонија им го честитаат празникот.

______________________________________________________________________________________________________

Инцидент на чествувањето на Водици, вчера во Скопје – новинарка турната и повредена

За време на вчерашниот ден, на празникот Водици, додека новинарка се обидувала да земе изјава била турната, а притоа се здобила со полесни повреди. Имено вчера во 16.00 часот во Полициската станица Центар, 39- годишната М.М од Скопје, пријавила дека истиот ден во 12 часот и 30 минутина улица „Филип Втори Македонски“, додека извршувала работни […]

______________________________________________________________________________________________________

Град Скопје со итни мерки против загадувањето на воздухот

Автобусите на ЈСП „Скопје“ и приватните превозници од денеска, 20 јануари, ќе возат бесплатно за граѓаните на Скопје. Одлуката денеска ја донесе Град Скопје и стапува во сила веднаш, а ќе важи до моментот на намалување на загадувањето на воздухот за што јавноста ќе биде дополнително известена. Портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху на прес-конференција […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1