Archive by Author

МВР: Груевски е во Будимпешта и побарал азил

МВР вечерва потврди дека поранешниот премиер Никола Груевски е во Будимпешта. Груевски попладнево на Фејсбук објави дека е во Будимпешта и дека ќе бара политички азил. – По направените соодветни проверки, Министерството за внатрешни работи утврди дека лицето Никола Груевски, кое се бара заради извршување на казна затвор во траење од две години за сторено […]

______________________________________________________________________________________________________

Романец купил креденец, нашол во него 95.000 евра, па го вратил

Романецот Самуел Станици купил половен креденец, пронашол во него 95.000 евра, па веднаш го вратил со парите. Парите биле сместени во метална кутија, во апоени од 500 евра. Заедно со неговата жена Адела, човекот ги преброил парите, па тоа им предизвикало несоница поради помислата дека можеби се работи за некаква замка, и одлучиле да ги […]

______________________________________________________________________________________________________

Во пожарите во Калифорнија најмалку 42 жртви

Најмалку 42 лица го загубија животот во пожарите кои беснеат на северот на Калифорнија, поради што тие се прогласени за најсмртоносните во историјата на таa сојузна американска држава. Шерифот на округот Бјут, Кори Хорни очекува бројот на жртвите да се зголеми, пренесува „АП“. Официјалните лица во моментов не го знаат точниот број на исчезнати, но […]

______________________________________________________________________________________________________

Како Македонија го добила своето име?

Досега беа пуштени неколку варијанти за потеклото на името. Некои се чисти приказни кои се прераскажуваат, некои се наводно втемелени на одредени факти и записи.. Еве ги оние кои се најраспространети. Корен на името Македонија МАКЕДОНИЈА- МАКЕ= ЗЕМЈА ДОН= ВЛАДЕТЕЛ ; СИН(дете) или СОНЦЕ МАКЕДОНИЈА=ВЛАДЕТЕЛИ на ЗЕМЈАТА, (ЗЕМЈЕНИ ВЛАДЕТЕЛИ) СИНОВИ на ЗЕМЈАТА(ЗЕМЈЕНИ СИНОВИ) ДЕЦА наЗЕМЈАТА( […]

______________________________________________________________________________________________________

Зоо Скопје доби прв еко мини бус

Зоолошка градина Скопје го поднови својот возен парк со првото електрично возило, а во план е замена на сите возила со електрични. Новиот еко бус е со капацитет за 20 посетители, а со едно електрично полнење ќе поминува до 80 километри. Во зимскиот период, посетителите ќе може да прошетаат низ Зоолошката градина движејќи се со […]

______________________________________________________________________________________________________

Мијалков: Не знам каде е Груевски

Поранешниот директор на УБК и доскорешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, на влегување во Кривичниот суд во Скопје изјави дека не знае каде во моментов се наоѓа неговиот братучед и поранешен премиер Никола Груевски, по кого од синоќа со потерница трага полицијата. – Не знам – кусо одговори Мијалков на влегување во зградата на […]

______________________________________________________________________________________________________

Не ви стигаат или ви доцнат пораките на Вибер – ова е решението

Конечно решение за проблемот со кој се соочуваат голем број корисници на Вибер Доколку Вибер звукот не ви се слуша при дојдовна порака потребно е да отворите Settings, па да влезете во менито Applications. Пронајдете Вибер и влезете во поддесување на апликацијата. Во опцијата на тоа мени побарајте Notifications и ќе се најдете во ново […]

______________________________________________________________________________________________________

Опасна киселина се излеа во Франкфурт на Мајна

Во германскиот град Франкфурт на Мајна денеска дошло до протекување на хлороводородна киселина. Надлежните апелираа до жителите да бидат претпазливи и да не ги отвораат прозорците. До протекување на киселината дошло откако се превртел камион со опасната материја. Патиштата се затворени. Пожарникарите успеаја да го стопираат протекувањето и сега ситуацијата е стабилна.

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Треба да се утврди дали Груевски е надвор од државата за да се знае дали е во бегство или не

Не знаеме дали се работи за бегство или не. Треба да го утврдиме тоа, да констатираме дека Груевски е надвор од државата, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања. Заев уште еднаш повтори дека власта нема намера да се меша во правосудниот систем и апелира институциите да се остават да си ја завршат […]

______________________________________________________________________________________________________

300 илјади денари помош за семејството на девојчето што се удави во Вардар

Советот на општина Гостивар донесе одлука за доделување на еднократна парична помош на семејството на Џејха Меџити, од гостиварско Здуње, која минатата недела го загуби животот во водите на Вардар. Одлуката беше ставена како дополнителна точка на дневниот ред на денешната седнциа на барање на градоначалникот на општината Абен Таравари. По кусото образложение, предлог одлуката […]

______________________________________________________________________________________________________

Сними спот со Роналдињо и се обесила – познатата белградска манекенка пронајдена мртва

Марија Ќурчиќ (25), заштитното лице на белградскиот ноќен живот, манекенка, ТВ водитека, ќерка на познатата новинарка Ана Марија Алвес Ќурчиќ и гитаристот на Дел Арно бенд Ѓорѓе Ќурчиќ, вчера трагично го заврши својот живот. Првите резултати од обдукцијата укажуваат на самоубиство, иако не оставила проштално писмо, пишува српски Курир. Нејзиното безживотно тело е пронајдено обесено […]

______________________________________________________________________________________________________

Груевски се огласи на Фејсбук

„Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот. Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од унгарските власти. Секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија. Никогаш нема да отстапам“, пишува во пораката на Фејсбук.

______________________________________________________________________________________________________

Арсовски: Не знаеме каде е Груевски

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, попладнево изјави дека не знае каде се наоѓа поранешниот премиер и почесен претседател на партијата Никола Груевски и оти немаат информации дека е во Унгарија, како што беше објавено на Фејсбук профилот на Груевски. За статусот на Фејсбук, Аровски рече дека слушнал од негови партиски колеги пред денешната прес-конференција. Тој […]

______________________________________________________________________________________________________

Соученик барајќи пари уценувал 15 годишно девојче во Куманово

Соученик барајќи пари уценувал 15 годишно девојче во Куманово дека ќе каже компромитирачка информација за нејзините родители, информираше денеска СВР Куманово. Случајот во полицијата, вчера го пријавила 49 годишната мајка на девојчето. Во соопштението на СВР Куманово се наведува дека жената пријавила оти нејзината 15 годишна ќерка била уценувана од нејзин соученик кој со намера […]

______________________________________________________________________________________________________

Спасовски: Се трага по Груевски, судот да размисли зошто не одредил притвор

Поранешниот премиер Никола Груевски, за кого е издадена национална потерница за отслужување двегодишна затворска казна за случајот „Тенк”, вчера бил баран во неговиот дом, а потрагата ќе продолжи на уште неколку локации. Се спроведуваат и други мерки, како прегледи на возила, а зајакнато е полициското присуство на излезот од Скопје и на граничните премини. Ова […]

______________________________________________________________________________________________________

Нема да поскапат билетите во ЈСП „Скопје“

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ нема да ги поскапи билетите за градски превоз, независно од порастот на цената на нафтените деривати. – Пласираните информации во одредени медиуми дека поскапуваат билетите ги оценуваме како неосновани и паушални. Ниту сме побарале, ниту планираме да побараме корекција, односно зголемување на цената за користење на јавниот превоз, изјави за МИА […]

______________________________________________________________________________________________________

Бомба пред домот на грчки јавен обвинител

Непознати лица рано утрово поставиле бомба пред домот на грчки јавен обвинител, а експлозивниот механизам најверојатно поради грешка на сторителите, не експлодирал. Околу четири часот утрово, преку анонимен телефонски повик во информативниот портал „Зугла“ и весникот „Ефимерида тон синдактон“, непознато лица информирало за точната адреса каде што била поставена бомбата и рекло дека за 20 […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Груевски не би требало да си дозволи да бега

Очекувам дека нема да си дозволи да се трага по него, изјави премиерот Зоран Заев на вечерашното гостување на МРТВ. –Тој велеше дека нема да си дозволи такво нешто, барем такви се моите сознанија од кажано од Никола Груевски, рече Заев. Премиеорт потврди дека потерницата од МВР за потрага е само поради тоа што судските […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1