Archive by Author

Ексклузивна снимка од обидот за упад во куќата на Цеца

Непознати лица вчера околу 6.45 часот со два автомобили „мини купер“ и еден караван ја нападнале куќата на Светлана Цеца Ражнатовиќ, а пејачката за српски Курир порача дека очекува итна реакција на полицијата. „Очекувам апсење во текот на денот. Полицијата има снимки. Ова е намерно вандалски упад во приватен имот“, рече видно вознемирената Цеца. Ало.рс […]

______________________________________________________________________________________________________

Страотна сообраќајка на Илинденска: Автомобил со мајка и бебе се заби во бандера (ФОТО)

Во несреќата учествувале два автомобила, едниот од автомобилите од силината на ударот скршил бандера.Две лица се здобиле со повреди, но карактерот на истите засега не е познат. Повредените се пренесени во Ургентниот центар во Скопје. Неофицијално повредено е бебе и неговата мајка во тешка сообраќајна несреќа која пред малку се случила на Илинденска пред Фонтана […]

______________________________________________________________________________________________________

Могерини и Хан: Граѓаните рекоа „да“, Собранието на потег

Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, во заедничка декларација, порачаа дека огромното мнозинство од граѓаните ја поддржаа спогодбата со Грција. – На мирен и демократски начин огромно мнозинство од оние кои го искористија своето право на глас рекоа „да“ за Преспанскиот договор за името и за […]

______________________________________________________________________________________________________

Грчки медиуми: Победи „Да“, но без цензус

Грчките медиуми во своите извештаи за вчерашниот референдум во Македонија акцентот го ставаат на излезноста и на процентот граѓани што гласаа „Зa“. „Победа на „ДА“ во ПЈРМ, но без потребната излезност“; „Над 91 отсто гласаа „ДА“ – 36,6 отсто излезност“; „91,3 отсто „ДА“ на референдумот, но со мала излезност“; „Заев решен: Гласот „ЗА“ договорот треба […]

______________________________________________________________________________________________________

Ванхауте: Не губете време и пари на нови избори, рашавајте ги проблемите

Поранешниот посредник на ЕУ во преговорите за Договорот од Пржино Питер Ванхауте синоќа на својот Фејсбук профил им честиташе на мнозинството граѓани што го поддржаа Договорот од Преспа на референдумот. Тој ја повика Владата да не поднесува оставка туку да продолжи со работата и со решавањето на проблемите во земјава, затоа што, како што пишува […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Не планирам да поднесам оставка – референдумот успешен, над 90 отсто од илезените дадоа поддршка

Премиерот Зоран Заев не планира да поднесе оставка од функцијата, бидејќи референдумот го оцени како успешен, на него над 90 отсто од оние кои гласале дале поддршка за Договорот од Преспа и интегрирањето на Македонија во ЕУ и НАТО. Тој нагласи дека сега е уште поодлучен да ја води Македонија на патот до ЕУ и […]

______________________________________________________________________________________________________

САД: Граѓаните изразија поддршка за членство во НАТО и ЕУ и за Договорот со Грција

САД ги поздравуваат резултатите од референдумот во Македонија на 30-ти септември, на кој граѓаните изразија поддршка за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција, соопшти синоќа Стејт департментот. – САД силно ја поддржуваат целосната имплементација на Договорот од Преспа, кој и овозможува на Македонија да го заземе […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: 10 дена ќе се обидуваме да обезбедиме двотретинско мнозинство, ако одиме на избори на 25 ноември

Еве што вчера одговори ЗАев за можните предвремени избори. Ме знаете, повеќе од сите веројатно, ќе направам се’. Ќе побарам и средба со господинот Мицкоски и со раководство ако треба на политичките партии, со пратениците да поразговораме во едни вакви околности. Зошто немаше директен одговор од господинот Мицкоски за предвремени избори, тоа само од себе […]

______________________________________________________________________________________________________

Неисполнет цензусот на референдумот

Одзивот од 34,72 отсто од вкупниот број запишани гласачи во единствениот избирачки список јасно покажа дека не е исполнет законскиот цензус за референдумот, кој ДИК го соопшти, а изнесува 50 отсто плус 1 гласач, за тој да биде прогласен за успешен Државната изборна комисија на својата веб страница ги објави резултатите од вкупно обработени 98,61 […]

______________________________________________________________________________________________________

Гардијан: Македонија се соочува со криза по нискиот одѕив на референдумот

Македонија се соочува со политичка криза по неочекувано нискиот одѕив на гласачите на историскиот референдум за преименување на балканската држава. Граѓаните беа запрашани дали го прифаќаат важниот договор склучен со Грција, со кој државата би се преименувала во Северна Македонија како отскочна штица за членство во Европската Унија и НАТО. Но 30 минути пред да […]

______________________________________________________________________________________________________

Балкански медиуми: Пропадна референдумот во Македонија, Македонците остануваат Македонци

Во Македонија утрово беше отворен референдумот на кој граѓаните одлучуваа за тоа дали нивната земја ќе го промени името во Република Северна Македонија. Прашањето на кој тие требаше да се произнесат беше „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“, пишува српскиот портал Балканскиправила.ком. Половина […]

______________________________________________________________________________________________________

Телефонски разговор Заев – Ципрас

– Македонскиот и грчкиот премиер Зоран заев и Алексис Ципрас имале телефонски разговор по завршувањето на гласањето, наведува грчката новинска агенција АНА-МПА Според истите информации, Ципрас го пофалил Заев за „одлучноста и храброста да продолжи со спроведувањето на договорот“. – Според владини извори, за време на разговорот, премиерот Алексис Ципрас го пофали Зоран Заев за […]

______________________________________________________________________________________________________

Обработени 80% од избирачките места – ова се резултатите

Според обработените 80 проценти од избирачките места што ги објави Државната изборна комисија на својата веб страница, „за“ на референдумското прашање се изјасниле 91,2 проценти или 458.053 граѓани, а „против“ биле 5,86 проценти или 29.448 граѓани. Неважечки се 2,94 проценти. Последниот податок за излезеноста што ја објави ДИК е од 18:30 часот кога одѕивот бил […]

______________________________________________________________________________________________________

Грчко МНР: Грција ги почитува одлуките на граѓаните на соседната земја

– Голем дел од општеството го поддржа договорот, друг дел го гледа со скептицизам, но Грција го почитува изборот на граѓаните од соседната земја, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција во однос на резултатите од референдумот, кои ги коментираат како контрадикторни. Во соопштението од грчкото МНР, објавено нешто повеќе од час и половина […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицковски: Народот кажа „стоп“ за Договорот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски вечерва од штабот на партијата изјави дека граѓаните кои гласале „против“ на референдумот и оние кои не излегле на гласање ја испратиле најгласната порака дека „Ова е Македонија“. На прес-конференцијата, Мицковски оцени дека Македонија се изјаснила против Договорот со Грција. – Овде живеат Македонци, нашиот идентитет е македонски, нашиот јазик […]

______________________________________________________________________________________________________

Хан: Широка поддршка за Преспанскиот Договор

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан прв се огласи во Брисел за исходот од референдум, оценувајќи дека гласовите “за“ на референдумот се значајни и со тоа се дава поддршка на Договорот од Преспа. – Им честитам на оние кои гласаа денеска на консултативниот референдум и ги искористија своите демократски слободи. Со значајното “да“ има широка поддршка […]

______________________________________________________________________________________________________

За Заев референдумот бил успешен: ВМРО-ДПМНЕ да ја почитува волјата на граѓаните, ако не избори веднаш

Премиерот Зоран Заев вечерва на прес-конференција изјави дека гласот даден на референдумот е конечен, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Тој им честиташе на сите кои излегле на референдумот за да гласаат. „Се надевам дека повеќето граѓани ја избрале европска Македонија. За неколку часа ќе почекаме, ќе ги видиме резултатите“ – рече Заев. Тој очекува […]

______________________________________________________________________________________________________

Се очекува обраќањето на Заев

Во скопскиот хотел Александар палас се наоѓа прес-центатор на коалицијата Заедно за европска Македонија, каде за половина час се очекува обраќањето на премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев. Претходно тука изјава ќе даде и претставник на коалицијата. Во прес-центарот во Александар палас во моментов се најголемиот дел од акредитираните новинари за референдумот за промена […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1