01/10/2018 19:02
•
Posted by: MK News
Апелација во Штип му ја намали казната на градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев, од 18 на 6 месеци затвор, потврди Основниот суд во Струмица. Според информациите, Апелациониот суд ја прифатил жалбата на одбраната на Стојчев за висината на казната со која претходно беше осуден од првостепениот суд на 1,5 година затвор. Намалени се и […]
______________________________________________________________________________________________________
01/10/2018 17:40
•
Posted by: MK News
Министерството за надворешни работи ја информира јавноста дека веста за оставката на министерот Никола Димитров е лажна. Попладнево некои од медиумите соопштија дека министерот дал оставка од функцијата, но од Министерството тоа веднаш беше демантирано. Демантираше со фејсбук статус и портпаролот на Влада Миле Бошњаковски
______________________________________________________________________________________________________
01/10/2018 17:37
•
Posted by: MK News
На вчерашниот референдум народот го отфрли Преспанскиот договор. Со негласање, народот јасно се изјасни против избрзани, наметнати и штетни решенија донесени без претходно постигнат национален консензус.Тивкото мнозинство одлучи. Бојкотот е гласот на оние кои се потценети и не се слушнати, рече претседателот на државата Ѓорге Иванов во обраќањето да македонскиот народ и граѓаните на Република […]
______________________________________________________________________________________________________
01/10/2018 17:12
•
Posted by: MK News
САД силно го поддржуваат Преспанскиот договор. Сега по консултативниот референдум останува на Парламентот да ги преземе следните чекори во неговата имплементација, порача денеска американскиот амбасадор Џемс Бејли повторувајќи го ставот на Стејт департментот. – Ние го поздравивме резултатот од консултативниот референдум во кој голем број граѓани се изјаснија „за“ продолжување на патот на Македонија кон […]
______________________________________________________________________________________________________
01/10/2018 17:10
•
Posted by: MK News
Денот на референдумот генерално беше мирен и добро организиран. Постапките беа професионални, транспарентни и непристрасни, а кампањата мирна и активна. Ова се прелиминарните оценки на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР и на Делегацијата на Советот на Европа во врска со референдумот што се одржа вчера во Скопје. На заедничката прес-конференцијата шефот на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување […]
______________________________________________________________________________________________________
01/10/2018 17:04
•
Posted by: MK News
И покрај сите лаги, притисоци, местенки и секако полнења на кутии, на сите им е јасно дека народот на Република Македонија, суверенот на Република Македонија покажа исклучителна демократска и патриотска свест. Власта е целосно разголена, во својата немоќ вчера посегна по она по што е најпозната – криминалот, и тоа повторно во изборни цели, рече […]
______________________________________________________________________________________________________
01/10/2018 17:02
•
Posted by: MK News
Српскиот претседател Александар Вучиќ во однос на референдумот во Македонија денеска во Москва изјави дека не е на него да се меша во внатрешните работи на некоја земја, но оти Европа мора да биде поодговорна. „Не е мое да се мешам во внатрешните работи на една земја. Стравувам и ми се чини дека некои луѓе […]
______________________________________________________________________________________________________
01/10/2018 16:58
•
Posted by: MK News
По вчерашниот референдум, прес конференција најави и претседателот Ѓорге Иванов. Прес конференцијата е закажана за 17 часот
______________________________________________________________________________________________________
01/10/2018 15:13
•
Posted by: MK News
ВО ЖИВО: Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ: Заев да каже дали потроши 3 милиони евра народни пари за неуспешен референдум Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ го прашува премиерот Зоран Заев дали е вистина дека за кампањата за референдумот потрошиле 3 милиони евра народни пари. „Ден по референдумот, СДСМ им должи одговор на граѓаните колку пари потрошил за кампањата […]
______________________________________________________________________________________________________
01/10/2018 15:12
•
Posted by: MK News
ВО ЖИВО: Прес-конференција на ОБСЕ околу референдумот Прелиминарната оценка за спроведениот референдум Граѓанската асоцијација МОСТ ја соопшти на прес-конференција. video pressingtv.mk
______________________________________________________________________________________________________
01/10/2018 15:09
•
Posted by: MK News
Мајката и бебето повредени во сообраќајката што се случи попладнево на булевар „Илинден“ спроти фонтата во Градскиот парк во Скопје се префрлени во Ургентниот центар, јавува Pressingtv.mk Како што информираат од службата за Брза помош, мајката има скршеница на надлактицата, додека кај едно годишното дете нема видливи повреди, но се вршат детални анализи за точно […]
______________________________________________________________________________________________________
01/10/2018 14:29
•
Posted by: MK News
Државната изборна комисија на прес конференција ги објави резултатите од 100% обработен материјал од вчерашниот референдум. Според статистиката, на референдумот гласале 666.743, односно излезноста процентуално била 36,91%. Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски на прес конференција го соопшти извештајот на ДИК во кои стои дека одлуката не се усвојува, бидејќи не е исполнет цензусот на референдумот […]
______________________________________________________________________________________________________
01/10/2018 14:09
•
Posted by: MK News
Државната изборна комисија на својата интернет страна ги објави резултатите од 100% обработен материјал од вчерашниот референдум. Според статистиката, на референдумот гласале 666.743, односно излезноста процентуално била 36,91%. Од нив, ЗА гласале 91,46% од излезените гласачи, односно 609.813 граѓани, а ПРОТИВ биле 37.700, што процентуално изнесува 5,65%. 2,89% отпаѓа на неважечки гласачки ливчиња.
______________________________________________________________________________________________________
01/10/2018 14:06
•
Posted by: MK News
Светските новински агенции во своите утрински извештаи му даваат забележлив простор на вчерашниот референдум во Македонија. Ројтерс под насловот: „Референдумот за името во Македонија не успеа да ја достигне потребната излезност“ ја акцентира изјавата на претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, во која се соопштува дека заради тоа што не е постигнат цензусот од […]
______________________________________________________________________________________________________
01/10/2018 13:40
•
Posted by: MK News
Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска на денешната прес конференција во Владата повика на заедништво, а поединечните и партиските интереси да се стават на страна. Таа очекува пратениците во Парламентот да ја прифатат пораката од референдумот, бидејќи ова прашање, како што кажа, е поголемо од секој од нас и од интересите на сите политички […]
______________________________________________________________________________________________________
01/10/2018 13:37
•
Posted by: MK News
Нобеловата награда за медицина за 2018 година им е доделена на Џејмс П. Алисон од САД и Тасуку Хонџо од Јапонија за нивното откритие за терапија за рак преку инхибиција на негативната имуна регулација. „Ова откритие е навистина уникатно. Многу имуни терапии се откриени низ децениите, беа успешни на глувци но ретко функционираа кај луѓето […]
______________________________________________________________________________________________________
01/10/2018 13:34
•
Posted by: MK News
Од денеска почнува зимското сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува Јавното претпријатие „Градски паркинг“ – Скопје. Работното време во зоните А, Б и Ц од понеделник до петок ќе биде од 7:00 до 21:00 часот, а во сабота од 7:00 до 14:00 часот. – На јавната површина наменета […]
______________________________________________________________________________________________________
01/10/2018 13:32
•
Posted by: MK News
Регулаторната Комисија за Енергетика ги зголеми цените на горивата за еден денар. Од ноќеска по полноќ еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 73.50 денари, еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 75 денари, додека еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 67 денари.
______________________________________________________________________________________________________