07/07/2018 11:00
•
Posted by: MK News
Македонскиот пејач Влатко Илиевски е пронајден мртов вчера вечерта во својот автомобил. Информацијата за Курир за потврдија од Министерството за внатрешни работи од каде посочуваат дека кај нив е пристигната пријава околу 23 часот синоќа. Од МВР истакнуваат дека Илиевски бил пронајден починат во возило марка „Тојота“ на булеварот „Трета македонска бригада“. Неофицијално, на неговото […]
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2018 23:17
•
Posted by: MK News
Медицинската сестра од Лондон, Жозефин Ијаму, е осудена на 14 години затвор поради обид да принуди пет Нигеријки да работат како проститутки во Германија, со закана со вуду обреди. – Покажавте целосен презир кон добронамерноста на тие жени. Не ги сметате за човечки битија, туку за робови кои треба вам да ви носат пари – […]
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2018 23:16
•
Posted by: MK News
Пратеничката Ивана Туфегчиќ пишува дека до пратениците утрово стигнало заканувачко писмо, потпишано од здружение за борба за еманципација и права на жени, кое нејзе не и е познато. Потписниците, вели таа, се закануваат со затвор доколку пратениците повторно гласаат за ратификација на договорот со Грција кој е денеска во трето читање. – Ви доставуваме на […]
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2018 23:11
•
Posted by: MK News
Албанското тло и понатаму се тресе од вчера во 11:02 часот кога беше регистриран најсилниот земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала до попладнево регистрирани се повеќе од 300 земјотреси со различна јачина. – Регистрирани се над 300 земјотреси. Тие се со послаба магнитуда и пополека се редуцираат. Неослободената енергија ќе продолжи да […]
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2018 23:10
•
Posted by: MK News
Претседателот на државата ја блокираше највисоката институција со непотпишувањето на законот за ратификација на Договорот со Грција. Со тоа тој го крши Уставот и прави кривично дело за кое треба да одговара, изјави вечерва лидерот на Демократската партија за интеграција Али Ахмети при гостувањето во емисијата „Само вистина“ на „Канал 5“ телевизија. – Не сакам […]
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2018 23:07
•
Posted by: MK News
Една од жените кои работат во хуманитарната организација на Мајка Тереза, „Мисионери на милосрдието“ во Индија, е уапсена под обвинение дека продала бебе старо 14 дена. Уште две жени биле приведени и ќе бидат испрашувани за други можни случаи на продажба на бебиња, јавува Би-Би-Си. – Дознавме дека уште неколку бебиња се нелегално продадени од […]
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2018 23:05
•
Posted by: MK News
Невреме погоди делови на Хрватска, Словенија и Италија во доцните попладневни часови, а се очекува временските неприлики да се интензивираат во текот на ноќта. Силното невреме во попладневните часови зафати делови од северозападна Хрватска, вклучувајќи го и подрачјето на Загреб. Бурата зафати делови од Словенија, по должината на границата со Хрватска, како и делови на […]
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2018 23:01
•
Posted by: MK News
Грчкото Министерство за надворешни работи го искара македонскиот премиер Зоран Заев поради тоа што вчера за време на положувањето заклетва на војниците зборуваше за „македонска армија“ која ќе стане членка на НАТО. Грчкото МНР посочи дека таквата изјава ја нагласува важноста од стапување во сила на Договорот за промена на името кој двете држави го […]
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2018 22:59
•
Posted by: MK News
Поминаа три дена откако децата заедно со тренерот беа пронајдени во пештера во Тајланд. Тие и натаму се заробени под земја, но сега имаат ќебиња, храна, медицинска нега, а друштво им прават нуркачи и доктор. Напорите за спасување, во кое се вклучени повеќе меѓународни тимови и стотина луѓе, продолжува да се одвива на три фронта. […]
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2018 22:57
•
Posted by: MK News
Тања Лепческа и Златко Димовски се младоженци на годинешното 45. издание на Галичката свадба, што ќе се одржи од 13 до 15 јули во преубавиот амбиент на селото Галичник на Бистра планина. Покровител на манифестацијата годинава е премиерот Зоран Заев. Во негово име на младоженците среќа и бериќет и незаборавни свадбарски денови им посака министерот […]
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2018 22:52
•
Posted by: MK News
Инвазија од комарци во Скопје. Здодевните мали инсекти деновиве предизвикаа големи отоци и непрекинато чешање, а дел од нив ги одведе на доктор. Кожниот доктор Дејан Филиповиќ за Канал 5 вели дека се зголемил бројот на пациенти со отоци од каснување на комарец. Граѓаните велат дека не може да се излезат надвор на прошетка без […]
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2018 22:47
•
Posted by: MK News
Имаме случаи како Монструм каде имаме брутална егзекуција и имаме докази, спорот е воден пет години, урната е пресудата, рочиштата се вратени на почеток и се одвиваат еднаш месечно, а од друга страна имаме судски спор од 27 април кој што рочиштата ги закажува надлежната судијка на дневна основа, ден за ден и притоа соседите […]
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2018 22:43
•
Posted by: MK News
Училишниот екскурзија заврши со трагедија, кога тинејџерката Сара Манитоски (16) од Канада е пронајдена мртва, а сега е утврдена и причината за нејзината смрт. Сара, нејзините врсници по враќањето од појадокот ја пронашле како лежи на креветот во безсознание покрај вклучениот аларм. Болничарите се обиделе да ја реанимираат, но безуспешно. Утврдено е дека девојчето починало […]
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2018 22:39
•
Posted by: MK News
Од Собранието Договорот за името се сели во Основното јавно обвинителство. ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривични пријави против премиерот Заев, министерот Димитров, спикерот Џафери и сите пратеници од парламентарното мнозинство кои по втор пат го ратификуваа договорот. Во исто време, премиерот Заев и пратениците од власта го повикаат претседателот Иванов да го потпише указот. Во спротивно се […]
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2018 22:37
•
Posted by: MK News
Собранието со 69 гласа „за“ и еден воздржан ја прегласа ратификацијата на Договорот со Грција за промена на уставното име откако Иванов одби да го потпише указот за негово стапување во сила. За ратификацијата гласаа пратениците од владејачкото мнозинство и опозициските албански партии, овој пат вклучително и Мендух Тачи. Дебатата во Собранието траеше околу 20тина […]
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2018 22:32
•
Posted by: MK News
Дваесетгодишниот Никола Саздовски од скопската населба Кисела Вода, кој беше претепан и избоден со нож од страна на, барем за јавноста непознати лица, се наоѓа на КАРИЛ во животно загрозувачка состојба. Иако противправниот напад се случил пред четири дена, сомнежи во јавноста предизвикува фактот да настанот не се најде на ниту еден од дневните билтени […]
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2018 22:29
•
Posted by: MK News
Од 10 и пол до 13 и пол години затвор за обвинетите за обид за убиство на Зијадин Села. Судот денеска ја објави пресудата за седумтемина обвинети кои учестувале во нападот на пратеникот за време на собраниските настани од 27 април минатата година. Според образложението на судијата Славица Андреевска, тие се виновни за кривичното дело […]
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2018 11:09
•
Posted by: MK News
Судот ја прифати верзијата на обвинението, според која бизнисменот му дал поткуп од 16,5 милиони долари на поранешниот гувернер на државата Рио де Женеиро Сержио Кабрал, кој беше уапсен во ноември 2016 година под сомневање за корупција. Поранешниот висок функционер беше прогласен за виновен во случајот и беше осуден на 22 години и осум месеци […]
______________________________________________________________________________________________________