Бесплатно студирање на американските универзитети


Харвард, МИТ, Беркли и останатите универзитети со помош на едукативниот портал edX ги нудат своите најпопуларни курсеви и програми на целиот свет и тоа БЕСПЛАТНО.

Со се поголемото влијание на интернетот, како и феноменот наречен „глобално село“ , елитата на американските универзитети најдоа начин како да ги задоволат глобалните потреби за едукација и образование на сите интернет корисници.
Харвард, МИТ, Беркли и останатите универзитети со помош на едукативниот портал edX ги нудат своите најпопуларни курсеви и програми на целиот свет и тоа БЕСПЛАТНО. Како што пренесува denesen.mk, ширењето на онлајн курсеви (МООС) има потенцијал да го трансформира високото образование во време кога унверзитетите се во криза и кога трошоците за високо образование растат.
Корисниците на ваквите курсевите велат дека тоа ги намалува трошоците на учењето и значајно го подобрува пристапот до високото образование што може да ги стимулира технолошките иновации и економскиот раст на младината и државата.
Први за ваков чекор се одлучија МИТ кои уште оваа пролет ја понудија услугата. Голем број на американски универзитети соопштија дека ќе понудат курсеви во текот на целата година преку порталот „edX“, веб порталот вреден 60 милиони долари кои во мај го воспоставија Харвард и MIT.

Повеќе инфо на следниот ЛИНК

Tags: , ,

Благоја Гроздановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1